Македонски поздрав од базниот камп на Аконкагва

Моментално во подножјето на највисокиот врв во јужна Америка – Аконкагва 6962 мнв се наоѓа екипа од петмина македонски планинари. 

Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски од прилепскиот планинарски клуб „Мамути” заедно со Стоилко Стоицев од ПК „Македон” Скопје се дел од осумчлената експедиција во организација на ПК „Предејане”. Тројцата минатата година успешно се искачија на највисокиот врв во Европа – Елбрус 5642, а Стоилко Стоицев минатата 2018 година за ова искачување беше добитник на награда за најуспешен спортист со хендикеп (оштетен вид) од страна на Град Скопје. 

Покрај нив, Александар Кирковски и Димитар Тодоровски од ПК „Македон” се дел од проектот поддржан од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија каде покрај класичното искачување на врвот, Кирковски има цел за брзинско искачување од базниот камп до врвот и назад.

Моментално тимот се наоѓа во базниот камп Плаза де Мулас на висина од 4300 м.н.в, а према информациите од Кирковски, екипата веќе има поставено шатор на 5400 м.н.в. 

Очекуваме повеќе информации и следење на прогресот на нашите планинари. 

Им посакуваме успех и добро време! 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија