Започнува Ултра Треил ду Монт Блан 2015

Најголемата европска и светска тркачка атракција на полето на ултра долгите планински маратони е спремна за својот старт оваа година. Тркачката неделна „гозба” околу масивот Монт Блан во Франција, Швајцарија и Италија е веќе на пат преку „помалите” трки, а главното шоу е закажано за утре, петок – 28.08.2015. 

Teaser Ultra-Trail du Mont-Blanc® 2015 by UltraTrailMontBlanc

Ултра Треил ду Монт Блан е целонеделно тркачко шоу околу највисокиот врв на Алпите составен од пет различни трки со различни должини и висински профили во оваа област. Всушност, сите трки се трчаат по планинските патеки околу Мон Блан кои се дел од голема планинска трансверзала – Tour du Mont Blanc во вкупна должина од приближно 170 километри. 

TDS, CCC, UTMB, PTL и ОCC се наоѓаат на менито на огромен број на љубители на планинското трчање од светот, а Шамони е центарот на збиднувањата со финиш линијата на сите.

УТМБ се смета за една од најпознатите светски трки и таа привлекува огромен број на натпреварувачи, а за влез во самата стартна листа потребни се доволен број на ИТРА стартни поени како и среќа во лотаријата бидејќи трката има лимит од околу 2500 тркачи, а секоја година се пријавуваат по околу пет до шест илјади. Должината изнесува 100 милји односно 170 километри и има позитивна денивелација од скоро 10000 метри. 

Но, затоа тука се и „помалите” (и една многу поголема – PTL) трки кои се отворени за сите други натпреварувачи. На една од овие, CCC (Кормајер – Шампекс – Шамони) ќе учествува и според наши изводи единствениот учесник од Македонија – Дејан Крле на кого му посакуваме среќа и убаво време.

Наши финишери пак на УТМБ од минатата година се Светлана Стојаноска – првата Македонка, Јовица Јованчев и Жикица Ивановски.

Самиот настан е во константен пораст на популарност од самиот негов старт и годишно носи огромен број на посетители во регионот што се смета за главна туристичка атракција во летниот период.

И да не заборавиме дека стартнина за УТМБ е приближно 230 евра по човек.

СЛЕДЕТЕ ТУКА

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија