Ова е Спарта со кирилична поддршка

На мејл добиваме мејл од двајца Македонци, “одиме на Спартан Рејс во Унгарија, сакате ли да соработуваме во едно заедничко видео?” Дечките се спремаат веќе неколку месеци, ние им помагаме во технички дел и како резултат го добиваме ова..

Филип Огнаноски и Тоше Апостоловски беа момците кои ја претставуваа Македонија на трката со пречки Спартан Рејс во Унгарија некаде на крајот од претходниот месец. Спартанската трка претставува сериозен тест на човечките капацитети која што се одржува на различни локации низ светот и секогаш изобилува со иновативни и тешки пречки кои се само додаток на и онака тешкиот терен кој треба да се помине.

Интересно е тоа што должината на самата рута, како и комбинациите на пречки на трката која сте ја одбрале за настап не се претходно познати и тие може да варираат од кратки до ултра долги дистанци заситени со најразлични видови на препреки. Пеналите кои се плаќаат за неуспешно поминување на одредена пречка се 30 брпи скокови.

Филип и Тоше успешно успеаја да ја завршат трката која се одржуваше на скијачкиот центар Еплени, а беше во должина од 7,7 километри со 500 метри денивелација и околу 22 различни пречки.

Филип заврши на 168 место со време од 1:10:47, а Тоше на 512 со 1:23:42. Вкупно беа пријавени 1,700 учесници, од кои 1,100 во машка конкуренција, а најдобриот имаше време од 52 минути.

На претходната трка која се одржа во Минхен, Македонија исто така имаше четворица претставници кои солидно котираа со нивните резултати на овој настан.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија