Четворица наши на Спартан рејс во Минхен

Без многу сценарија и холивудски афтерефекти како во филмот 300, нашите спартанци Наде, Томе, Кате и Даниел беа одлични претставници од Македонија на Спартанската трка во Минхен која се одржа на 12ти Април. 

Од 2267 натпреварувачи од целиот свет на трката нашите претставници остварија солидни резултати особено Даниел кој го освои 47 место (00:49:28 сек) :

  • Даниел Трбогазов 47 место
  • Катерина Доковска 525 место
  • Нена Павлоска 729 место
  • Томе Пајковски 808 место

Даниел Трбогазов покрај освоеното 47мо место освои и друга споредна награда во едноминутните предизвици кои се одржуваа после спартанската трка.

-Качување На Јаже (5 пати за 1 минута)
– Превртување на Тракторска Гума 200кг (15 пати за минута)
– Брпис (32 за минута)

 

Спартан рејс се серија од трки со препреки со различни дистанци и тежина кои што се одржуваат во најралични земји а најмногу во САД. Следната трка во Германија е закажана за 28 јуни во Келн а од европските земји домаќини ќе бидат, Италија, Словачка, Чешка, Франција, Шпанија и Унгарија.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија