Дива ризница на витамини – Шипка

Дали знаете дека шипката има толку многу витамин Ц, што и после долготрајната термичка обработка до слаткото задоволство наречено мармалад од шипка, останува доволна концентрација од овој витамин во тегличникте на полицата.

Дека шипката е драгоцен шумски плод се знае од дамнешни времиња. Распространета е низ целиот европски континент, но ја има и по другите континенти. Оваа ризница на витамини, минерали и органски киселини е најдобро да се бере доцна во лето или рана есен, а се користат и плодовите, листовите и цветовите.

Чајот од шипка го отстранува уморот, бледилото, малаксаноста и сите тегоби поврзани со намаленото внесување на витамин Ц, особено после „зимската хибернација“.

Особено полезена и често се препорачува кај дигестивни тегоби. Шипката го потикнува мокрењето, превенира формирање на каменчиња во бубрезите и го намалува воспалението на уринарните патишта и мочниот меур.

Најубавиот чај од шипка ќе го подготвите од сушени плодови. Потребни ви се околку 7-8 плодови кои треба да ги искршите на поситни парченца и да додадете во чајник со 200 мл вода која врие. Оставете на оган уште 5-6 минути и потоа прецедете.