Наслов

Спречете ги повредите на студеното време

Како што зимата зема замав, сè повеќе сме изложени на студеното време кога сме во потрага по задоволување на наштите неделни потреби за вежбање и уживање на отворено. За сите оние ситуации кога планирате да искочите од вежбалната имајте на ум дека зимскиот период е многу позачинет со евентуални повреди, па во продолжение следат најчестите варијанти на повреди заедно со нивните решенија. 

Хипотермија - долготрајно изложување на студ без соодветна опрема за активноста може да ја снижи телесната температура под 35°C, сериозна состојба која што доведува до намалување на координацијата, тресење и можно губење на свест. 

Решение - Опремете се соодветно. Наместо една дебела јакна облечете се слоевито така што ќе бидете во можност да соблекувате и облекувате слоеви во зависност од условите, а сепак да останете минимално испотени и соодветно заштитени. Не се колебајте за ѕиври, а во горните делови од телото облечете онолку колку што ви е потребно. 

Изгореници - соодветната заштите од сонце во зимскиот период често пати се запоставува, но шансите за изгореници (иако на помалку места од телото) кога има ведро време е дури и поголема (ако зборуваме за повисоки места на планина) отколку во лето. 

Решение - Мачкајте заштитен фактор на лицето и изложените места и не заборавајте ги усните. Тие се исто така изложени и осетливи на зрачењето, па затоа земете соодветно лабело со заштитен фактор. За некои делови од лицето, честопати физичката заштита (со шал, марама) е подобра. 

Снежно слепило - Сериозна состојба која се јавува после подолготрајно изложување на сонце во комбинација со одблесок од самиот снег. Проследено е со коњуктивитис кој е болен и проследен со краткорочно губење на видот, но не смее да се потценува бидејќи може да останат и трајни последици.

Решение - Редовно носете очила за сонце со соодветна заштита од УВ зрачење, а доколку веќе сте жртва, овде ќе прочитате нешто повеќе за справување со ситуацијата.

Истегнување/шинување на зглоб - Секогаш имајте на ум дека студеното време го прави сврзното ткиво (тетивите, лигаментите и зглобовите) помалку еластично, па така и повеќе склоно кон повреди за време на трчање, пешачење, скијање итн. 

Решение - Загревајте се подолго. Потрошете 15 убави минути во динамично истегнување пред да започнете со тоа што сакате да го правите па дури и ако вежбате во затворена просторија, дадете повеќе минути на овој дел од тренингот.

Смрзнатини - Доколку престојувате на ладно време несоодветно заштитени и облечени смрзнатините може многу лесно да се појавата. Ткивото се замрзнува, па со тоа и се запира циркулацијата - состојба која што е исклучително сериозна, а најчесто се зафатени екстремитетите. 

Решение - Размислувајте однапред. Соодветна заштита потребно е да имате на себе уште од самиот старт на авантурата, а моментите како чепкање на телефонот или фотографирање или правете ги со ракавиците на себе или бидете екстремно брзи бидејќи топлината се губи многу брзо, особено кога студот е придружен со ветер. 

Имајте убави активни денови оваа зима!

18 Декември 2014

За авторот