Бубало фитнес камп на Караџица

Фин и за нас сосема нов начин на пристап према поимот „здрав животен стил“. Летен викенд на планина, строго и здраво регулирана исхрана од која нема мрдање, иновативни тренинг методи за делкање на убави женски, па и машки стави, прошетка до Бегово и добра дружба. Ви го претставуваме првиот, и никако последен фитнес бут камп на Караџица, фантастична идеја реализирана од Елена Бубало.

Фитнес бут камповите (boot camp) се еден вид на групен тренинг воден од инструктори на кој што се вежбаат најразлични миксови на тренинзи збогатени со стриктни режими на здрава исхрана преку кои најубаво се тренира еден здрав лајфстајл.

Конкретно овој, воден од фитнес инструкторката Елена, на кој што можевме да присуствуваме и ние беше спакуван како дводневна екскурзија во планинарскиот дом Караџица сместен на преубавиот планински масив Мокра. 

Девојките и дечките кои беа присутни имаа можност да искусат едно цело ново ниво на вежбање и уживање во природата, дружење и оброк на една фантастична тараса. Првиот ден беше исполнет со еден интензивен тренинг, дружба и фин ручек, а за вториот беше организирана прошетка до Бегово поле. 

Целиот настан од кој презадоволни си заминаа сите учесници и кој со сигурност ќе се одржи и наредниот месец беше потпомогнат од Филип Чакаров и п.д. Караџица, Тамара Јовановска, Микс Аеробик Скопје и цела една екипа на момци и девојки за логистика.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија