Макалце по нашки

Кој пробал знае! Премногу вкусно за да му се одолее, но со усул кога треба да се социјализирате со други кои што не го пробале. Може да се комбинира со многу оброци, но и едноставно да се намачка на леб. 

 
  • 1 авокадо
  • 3-4 главици лук (пожелно е да биде старо семе, ситен лук што не лути)
  • грст ореви
  • 2-3 лажици малку кисел оцет од диви јаболка (ова според вкус и потреба)
  • прстофат хималајска сол (исто можете според вкус)
  • малку вода за регулирање на густината
  • 1 лажица ладно цедено масло (по желба, иако нема потреба)
 

Подготовка

1. Се чистат главиците лук, додека авокадото се лупи и сецка.

2. Сите продукти се ставаат во блендер и се пасираат додека не се добие хомогена смеса. Не треба да биде премногу течно, но ни премногу суво. По потреба ќе додадете на крај малку масло или вода или и двете. 

3. Се става во тегла/теглички и се чува во фрижидер до 1 седмица.

4. Можете да експериментирате со зачини како куркума, кари или рен.