Наслов

5 масни факти за авокадото

Знаете дека е бобинка, знаете дека е полно со здрави масти и знаете дека е основа за вегански авокадонез без мајонез и гвакамоле. Еве неколку плус факти кои не сте ги знаеле...

Растура со калиум

Па дури ја надминува и бананата во тој поглед. Едно средно авокадо содржи и до 900 милиграми калиум, наспроти бананата со половина од оваа количина. Мало потсетување: калиумот е битен минерал за правилна мускулна контракција, за здраво срце и правилна функција на нервниот систем. Спортистите имаат потреба од поголеми количини бидејќи исфрлаат повеќе калиум преку потењето.

Побрзо созрева ако е во близина на јаболка и банани

Искуството ги научило домакинките на овој не толку познат факт за авокадото. А научното објаснување е дека јаболката и бананите природно испуштаат етилен, гас кој важи како растителен хормон. Ако во иста кеса го чувате зеленото авокадо со некое од овие овошја, благодарение на етиленот, авокадото ќе созрее побрзо.

Растителен протеин

Авокадото изобилува со 18 аминокиселини. Значи не можеме да го класифицираме како комплетен извор, но и овие осумнаесет аминокиселини не се за потценување ако знаеме дека во едно авокадо има околу 4 грами протеин, што се многу протеини со оглед на тоа дека зборуваме за овошје.

Одлична замена за путер

Заради високата содржина на масти, авокадото успешно може да го замени путерот. Количината која треба да ја употребите е иста, наместо сто грами путер, ставете сто грами авокадо, но зборуваме за 4 пати помалку калории и уште толку пати повеќе витамини и минерали. А и замислете ги сите рецепти кои ќе можете лесно и здраво да ги веганизирате.

И за внатрешна и за надворешна убавина

Не мора само да го јадете туку и вашата кожа и коса може да го почувствуваат бенефитот од авокадото преку домашно подготвени маски. Аминокиселините, есенцијалните масла и антиоксидансите лесно се одличен регенератор за уморената кожа или испуканите врвови.

23 Август 2013

За авторот