Критична ситуација на Нанга Парбат

Паралелно со зимската експедиција на Полјаците на К2, поточно на планината Нанга Парбат се наоѓаат и алпинистите Томек Мацкиевич и Елизабет Револ кои се во обид за второ зимско искачување на овој 8000-метарски врв. За жал, двојката се наоѓа во проблематична ситуација на 7300 м.н.в откаде беше повикана итна помош. 

Полскиот алпинист Томек Мацкиевич и Французинката Елизабет Револ се во обид за второ успешно зимско искачување на Нанга Парбат, по она на Али Садпара, Алекс Чикон и Симоне Моро во 2016 година. Двојката уште вчера најавија дека ќе го направат финалниот обид за да стигнат до врвот по најавата на послаби ветришта. Сепак, денес, во раните утрински часови тие побараа итна помош откако пријавија дека Томек се здобил со смрзнатини и снежно слепило и дека се наоѓа во критична ситуација. 

Полската експедиција која е во близина, на врвот К2, најави дека се екипира да помогне во спасителната акција за двајцата алпинисти кои моментално се заглавени некаде на 7300 метри – откако успеале да симнат одредена висина. Сепак, спасителната служба на Пакистан бара финансиско покритие за акцијата од околу 50.000 долари, по што експресно беа активираниповеќе канали за собирање на средства за хеликоптерот. 

Во последната информација, Министерството за надворешни работи на Полска се огалси дека ќе го покрие спасувањето, но испадна дека поради лошото време и услови – силен ветер, екипата ќе може да полета и да дојде до Томек и Елизабет дури утре изутрина – 27.01.2018. 

Температурите и условите на планината кои не изгледаат пријателски можете да ги следите на следниот линк

Останува да ја следиме ситуацијата и да се надеваме дека истата ќе има добар исход. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија