Качена е Нанга Парбат во зима

Претпоследната неискачена 8-илјадарка во зима, Нанга Парбат, денеска „го прими” првиот тим после 3 декади неуспешни обиди. Последниот врв повисок од 8 илјади метри кој останува неискачен во зимски услови е К-2.

Задачата која голем број на врвни експедиции не успеаја да ја исполнат уште од 1988 година, денеска на 26.02.2016 година беше успешно изведена од страна на мешана експедиција составена од Али Садпара, Алекс Чикон и Симоне Моро кои во 15:40 часот по локално време се искачија на деветиот по ред врв повисок од 8 илјади метри – Нанга Парбат (8,126 м.н.в).

Искачувањето е веќе потврдено од страна на базниот камп со тоа што единственото женско во експедицијата, Тамара Лунгер, не успеа да се искачи до врвот т.е. стигна само до некои 8000 метри (приближно). Моментално тимот се симнува до четвртиот камп на 7100 метри каде ќе преноќи пред утрешното симнување до базниот камп.

 

„Фантастичната четворка” успеа да остане трпелива и да го дочека доброто време кое во последните неколку денови е целосно наклонето кон нивното качување. 

Единствен врв повисок од 8 илјади метри кој останува неискачен во зимски услови е К-2.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија