Златна иницијатива за слабеење или лоша одлука на надлежните

За мерак да слабееш во Дубаи?

Еден грам злато за секој изгубен килограм сало, освен ако не си дете, е тогаш семејството ќе добие два грама. Вака некако оди овогодинешната кампања водена од општината Дубаи која треба да ги окуражи жителите да го подобрат нивното здравје, тактика која според докторите е тотално погрешна. 

Обеднитетите Арапски Емирати, државата во која спаѓа и Дубаи според студијата во 2012 година е шеста најдебела нација на светот каде што во просек третина од возрасното население има БМИ поголем од 30.

Од минатата година властите почнаа со интензивни и во нивни стил многу неспецифични програми и кампањи кои требаше да го поттикнат населението да прифати некои здрави навики и да ослаби. Имено, тогаш, за време на последниот Рамазан беше активирана кампањата „Твојата тежина во злато“ каде што општината делеше злато за оние што се беа приклучиле во програмата и имаа ослабено.

Оваа година, кампањата удира акцент на слабеењето на децата и тинејџерите па затоа беше реименувана како „Твоето дете во злато“ според која учесниците ќе добијат по еден грам злато (околу 42 долари) за секој свој изгубен килограм, а ако ги пријавиш и децата и тие да слабеат, е тогаш може да ќариш и 2 грама за секое нивно килце.

 

Една од клаузулите во кампањата вели дека за да се добие награда секое дете треба да изгуби најмалку две кила во рок од два месеци.

Докторите за оваа кампања велат дека има целосно грешен пристап кон државниот проблем. Тие велат дека кампањата го промовира постењето т.е. краткотрајно слабеење кое е далеку од здравата опција и најверојатно кое тука е поттикнато со пари наместо да се водат луѓето кон една поспора и поприродна транзиција до целосно здрав животен стил.

Тие особено ставаат акцент на лошиот ефект што може да го има екстремното постење врз детскиот организам конкретно врз мускулниот и коскениот раст и имуниот систем. Во кампањата токму постењето за време на Рамазан заедно со спортските активности се ставени како одличен избор за слабеење и целење кон здрав животен стил.

Кампањата трае од 15 јули, а последното мерење е закажано за 15 септември. Пријавени се повеќе од 25,000 луѓе.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија