Удри му два три шамара на стресот

Многу нешта во текот на животот го таложат стресот и се закана за нашето здравје. Понекогаш не сме ни доволно свесни колку малку е потребно за да се справиме и подобро да ја канализираме енергијата.

Прогресивната мускулна релаксација, е техника за ослободување на стресот кој се кумулира во телото. Звучи комплицирано, но тоа е всушност многу едноставна техника. Таа вклучува фокусирање на секоја поодлена мускулна група со контрахирање (тензија) и релаксација на истата во определен интензитет и време за да ви помогне да го намалите притисок и напнатоста.

Во дваесетите години од минатиот век во Чикаго, лекарот Едмунд Јакобсен ги поставува основите на оваа техника. Убеден дека анксиозност и стресот се главните фактори кој доведуваат до напнатост во мускулите. Едмунд сакал со помош на едноставни техники да го релаксира телото односно мускулатурата која во спрегата со умот ќе влијае во таа насока.

Оваа техника ве принудува да се фокусираат на разликата меѓу напнатата мускулатура и опуштената, помагајќи да станете повеќе свесни за физичките сензации и на тој начин да влијаете за нивно опуштање.

За време на изведбата на оваа техника вашето дишење станува поспоро, срцевиот ритам побавен и крвниот притисок понизок. Кога мускулатурата е релаксирана има помала потреба од кислород отколку кога е напната.

Еве што треба да сторите:

Можете да ја изведете во легната или седната удобна позиција. Препорачливо е да ги затворени очите додека ги изведувате вежбите, во просторија која ќе биде со удобна температура, светлина и звук. Соблечете ги чевлите и разлабавете го секој дел од вашата облека кој ве затега и притиска. Исклучете го вашиот телефон и пуштете тивка музика, можете и од подолу предложените.

 

 

Вдишете и издишете бавно неколкупати пред да почнете. Вдишете преку нос а издишете преку уста.

Можете да започнете од стапалата кон горе или од главата надолу. Контрахирајте и релаксирајте сегмент по сегмент и задржете активно од 5-10 секунди а потоа 10-20 секунди останете мирни, сторете го тоа неколкупати.

Времето кое ќе е потребно за овие вежби е 10 до 15 минути. Како и со секој тип на вежба така и со оваа важното е да се повторува и тренира начинат на кој ќе го опуштате своето тело, правете го почесто за да ја усовршите.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија