Што значи да ослабеш само 5%

Во случајот на луѓе кои имаат надпросечна тежина и мака мачат со нормализирање на дебелината, првите 5% од слабеењето носат и најголеми придобивки по здравјето. Да видиме што значи да ослабеш само 5%?

Во период кога во светски рамки прекумерната тежина зазема огромни размери, научниците го анализираат секој можен детал од полезностите кои регулирањето на овој проблем ги носи по здравјето на човекот.

Во здебелена Америка, пак, каде здравествениот систем е оптоварен со отприлика 60% на луѓе кои може да се сместат во групата на натпросечна тежина, научниците се ориентираат дури и кон анализирање на позитивниот ефект и од екстремно малите намалувања на тежината кај луѓето, па во една релативно нова студија се откри дека губењето на само 5% од тежината кај овие луѓе, носи и огромен допринос и позитивни ефекти по здравјето на човекот. 

Студијата беше извршена во Универзитетот за Медицина во Вашингтон, каде 40 обезни индивидуи (без дополнителни здравствени состојби како дијабетес) беа поделени и ставени на режим за слбеење на 5, 10 и 15 проценти од нивната вкупна тежина. По слабеењето, правени биле повеќе испитувања на различни нивоа од организмот со цел да се утврди ефектот од слабеењето. 

Кај оние особи кои ослабеле 5% од нивната тежина било установено подобрување во инсулинската сензитивност и реакција на ткивата на овој важен хормон, како и целокупно намалување на масното ткиво во организмот, особено околу црниот дроб. Споредбено со оваа група, кај оние кои ослабеле повеќе, биле истотака забележани позитивни ефекти врз инсулинската сензитивност, но вкупното намалување на телесните масти не било значајно зголемено. 

„Слабеењето општо земено е одлично за телото, но не сите органи реагираат исто на промената. Мускулното ткиво реагира многу повеќе на континуираното слабеење, за разлика од масното ткиво кое може да се каже дека го достигнува максимумот од полезните ефекти и со слабеење од само 5%” – вели д-р Самуел Клаин.

Идејата е да се покаже дека општата здравствена состојба кај екстремно дебелите луѓе може драстично да се поправи и со релативно мало слабеење кое е многу подостижно отколку слабеењето на голема тежина. Ова особено влијае и на мотивацискиот дел на луѓето кои мака мачат со огромната тежина. 

Сепак, губењето на само 5 проценти од тежината и овие полезни ефекти треба да бидат само интро и одлична стимулација кон целосно решавање на проблемот со тежината. 

Од другата страна пак, запаметете дека 1 час вежбање е само 4 проценти од денот!!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија