Тајната состојка за успешна трка

Секој пасиониран тркач има своја рутина пред секоја трка. Ние нема да се обидуваме да ја менуваме таа рутина туку само да ја збогатиме или освежиме. Понекогаш малите работи ја прават клучната разлика.

Се наоѓате пред стартот на големата трка, трката за која сте се спремале долго време. Наместо спремни, вие се чувствувате круто, неспремно и поспано. На вашето тело му треба време да влезе во ритам, односно му треба соодветно загревање или уште подобро кажано будење за да ги постигне и одржи посакуваното темпо.

Без соодветно ставање во погон на централниот нервен систем и мускулното ткиво, вашето тело нема да биде во состојба да одговори на стресот кој го очекува. Ако не сте спремни да се справите со огромната потреба од кислород и оптимален проток на крв низ целото тело, ризикувате да влезете во недостаток на кислород а тоа е крај на секоја успешна трка.

Најголем дел од луѓето кои практикуваат трчање загреавањето го изведуваат 30-45 мин пред почетокот на трката со вообичаени вежби и истегнувања. Тоа не е лошо но може да биде недоволно. За разлика од нив, елитните тркачи на денот на трката практикуваат таканаречен размрдувачки џогинг.

Како треба да се изведе?

Ваквиот џогинг треба да се изведува околу два и пол часа пред почетокот на трката и треба да трае помеѓу 10 и 15 минути. Темпото со кое се одвива треба да биде супер лесно а во текот на истрчувањето може да се вметнат и лесни истегнувања доколку во некој дел од телото чувствувате крутост. По завршувањето треба да следи туширање и оброк пред трката.

Придобвки:
Придобивките од ваквиот размрдувачки џогинг се повеќекратни. На прво место го ставате во функција централниот нервен систем и ги опушта мускулите. Се будите и полека ја подигнувате температурата на телото со што ја зголемувате флексибилноста. Ќе го намалите стресот и психичката напнатост од можен неуспех и ќе го засилите фокусот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија