Наслов

Магијата на истегнувањето - често поставувани прашања

Истегнувањето е нешто што спортските доктори и тренери топло го препорачуваат па дури и го препишуваат како терапија. Тоа е составен и неизоставен дел од тренингот на речиси сите спортисти и широко применуван метод во пост-тренажниот процес и периодот на рехабилитација. Сепак и покрај долгогодишната примена, сè уште постојат многу прашања на кои дури и оние кои редовно применуваат вежби за истегнување немаат јасен и точен одговор.

Дали истегнувањето превенира повреди?

Според најновите истражувања, истегнувањето непосредно пред тренингот нема голема улога во превенирање на повредите. Но, доколку истегнувањето се прави неколку пати во текот на денот и во подолг временски период, истото може да придонесе до создавање на мускулна маса која пак е клучна во превенцијата на спортски повреди.

Дали истегнувањето влијае на флексибилноста?

Да. Постојат недвојбени докази кои укажуваат на тоа дека истегнувањето и флексибилноста се тесно поврзани. Намалената флексибилност може да биде подобрена или барем парцијално обновена со редовно истегнување. Придобивките од истегнувањето врз флексибилноста се посебно изразени кога се применува на подолг временски период. Со други зборови, истегнувањето пред натпревар или настап може да помогне во зголемување на флексибилноста, но ако тоа го правите неколку месеци пред тоа, истото ќе води до континуиран раст на флексибилнста а со тоа и на опсегот на движење.


Може ли истегнувањето да го подобри спортскиот перформанс?

Да, доколку истегнувањето кое се применува е специфично за тој спорт. Една од студиите на оваа тема покажала дека зголемената температура на vastus lateralis (мускул од квадрицепсот) која била постигната со истегнување, довела до значително зголемување на резултатите во тестот вертикален скок и принтестирање на максималната моќ во велосипедизмот. Друга студија пак докажала дека редовната примена на статично истегнување во периодот од 10 недели позитивно влијаела врз нивото на брзина, сила, моќ и мускулната издржливост.

Што е разликата меѓу статично и динамично истегнување?

Статичното истегнување подразбира истегнување на еден мускул до одредено ниво и задржување на таа позиција не повеќе од 15-30 секунди. За разлика од тоа динамичното или балистичко истегнување опфаќа серија од ритмични движење, потскокнувања и повторувања. Иако генералното мислење е дека статичното истегнување е поделотворно, сепак, многу физиотерапевти го препорачуваат динамичното истегнување (особено пред одреден тренинг) за да се симулира движење кое најблиску до спортот на кој се однесува.

Од сето ова може да се заклучи дека истегнувањето е нешто што никако не смее да биде исклучено од тренажниот процес. Имајте на ум дека истегнувањето на секој мускул е различно и со различно време на истегнување зависно од улогата на истиот во конкретниот спорт.

23 Август 2016

За авторот