Тибетантски ритуали за беспрекорно здравје и долг живот

Наслов

5-те Тибетанци

Тибетантските монаси практикуваат серија вежби стари 2.500 години, познати како "фонтана на младоста" или "5 Тибетанци".

Тибетантските ритуали или Т5Т (The 5 Tibetans) се пет вежби кои морате да ги внесете во својот животен стил и ритам. Тие не само што истегнуваат, го подигнуваат енергетското ниво, ги стимулираат ендокрините жлезди и сите седум чакри, туку и го зајакнуваат имунитетот, го успоруваат процесот на стареење и се многу лесни за изведување. Овие вежби се толку благотворни што и после илјадници години сеуште немаат сериозна конкуренција.

Тибетанците се практикуваат во непарен број - се почнува со по 3 повторувања во првата недела, па 5 во втората, сѐ додека не се стигне до 21 повторување на секоја вежба посебно. Најдобар период од денот за правење на вежбите е наутро, за телото да се разбуди на здрав и убав начин и да се подготви за предизвиците на денот.

Доколку ги правите (а треба да ги правите) тибетанците секој ден, ќе го подобрите не само вашето физичко, туку и емоционално, ментално и спиритуално ниво.

02 Декември 2013

За авторот