Вежби за подобрување на базичните моторички способности во фудбалот

Оваа тренажна програма беше во времетраење од 2 месеци, со цел да се подобрат базичните мотрички способности кај фудбалерката Милка Арсова. Силовиот тренинг помина низ 5 фази, од кои најголемо внимание беше посветено на развивање на максималната и експлозивната сила. Тренингот кој вклучува трчање имаше за цел подобрување на аеробна издржливост, VO2 максимум, подобрување на анаеробниот праг, толеранцијата на лактати и брзината.