Апдејт на старата добра штица

Неколку динамични штици за загревање на целото тело и длабоко активирање на јадрото

ШТИЦА ВО САГИТАЛА

Поставете се во модифицирана штица. Лактите под раменици, рбетниот столб во права линија, нозете исправени и стопалата поставени на прсти. Дланките треба да гледаат кон горе и палците да ви бидат кон надвор. Од оваа позиција ја поместувате карлицата кон горе, така што главата доаѓа меѓу рамената, а петите ги истегате кон подот. Повторете пет пати.

ШТИЦА ВО ФРОНТАЛА

Поставени во модифицирана штица. Дланките гледаат кон горе, палците кон надвор. Држете го грбот исправен и главата во линија со рбетот додека колковите ги поместувате од лево кон десно. Повторете пет пати.

ШТИЦА ВО ТРАНСВЕРЗАЛА

Почетна позиција е модифицирана штица, стапалата се во ширина на рамената. Ротирајте ги рамениците и торзото кон страна, а стапалата од прсти ги поставувате странично, обидувајќи се да го приближите колкот кон подот еднаш во лево, еднаш во десно. Ротирајте од лево кон десно вкупно 10 пати, по 5 во секоја страна.

Извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија