Скриената болка на Крос-фитот

Со огромната популаризација на КросФит игрите се појавија и над 10,000 КросФит брендирани теретани низ светот во кои се практикуваат овие интензивни тренинг програми. 

Поттикнати од официјалните КросФит игри, високо интензивниот начин на вежбање стекна огромна популарност, особено во Америка каде се концентрирани и најголем дел од овие теретани под знакчето на КросФит. 

Она што во позадина на компетитивноста на самите игри и на тренинг програмите според кои е базиран овој тренинг пристап почна прикриено да расте се бројните скинати мускули, повреди на колена, повреди на дискусите итн. 

Иако не постои официјално тело кое е задолжено да ја следи оваа, ни малку бенигна проблематика, со сигурност се забележани зголемувања на бројот на пациенти кои практикуваат КросФит, пред се` со мускулноскелетни повреди .

Тука еден од главните проблеми е самата природата на тренингот. Повеќето од тренинзите содржат олимписки подигања на високи тежини кои изискуваат перфектна форма за да се превенира било каква повреда. А, „гуштерите“ ретко ја имаат силата или пак формата, па ова комбинирано со високиот број на повторувања е перфектен рецепт за повреда, особено ако пред тоа веќе имате некоја постоечка и застарена состојба. 

Во нова студија објавена во the Journal of Strength and Conditioning Research, кај учесниците кои следеле КросФит програма од 10 недели било покажано дека покрај зголемување на нивниот аеробен капацитет за неколку пати, статистиката вели дека 16 проценти од 54 испитаници се откажале поради повреда. 

А корената причина горе-долу е позната. Компетитивноста ги тера Кросфитерите да ги притискаат своите граници до максимум и најчесто тоа оди и повеќе од колку што треба. 

Практикувањето на добра техника, функционално тренирање на слабите точки и останување во границите на она што телото може да го поднесе се главните точки на кои треба да се внимава особено со ваквиот тип на тренинг. Прогресивното зголемување на интензитетот и соодветната шема на опоравок и тренинг ќе бидат гарант за да превенирате повреда во тренажниот процес и да уживате во Кросфитот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија