Наслов

Теле Телемарк Телеманијак

Телеманијак е едноставна направа за тренинг за оние кои претпочитаат телемарк скијање кое според многумина е поинтересно од нормалното. Изобилува со повеќе варијации благодарејќи на везовите кои ви овозможуваат да ја ослободите петата и контактот да биде единствено на предниот дел од чизмите. 

Телеманијак ќе ви овозможи ситуационен тренинг додека сте во исчекување на првиот снег.

Ќе можете да направите тренинг сесии со сопствена тежина или посериозно натоварување со тегови изведувајќи исти или слични технички елементи, кои со сигурноост ќе го извадат максимумот од вас.

Одличен е за загревање и лесен за транспорт. Со сигурност ќе ја подобрите силата и флексибилноста на нозете, а доколку сакате можете дополнително да ги ангажирате и рацете додавајќи лесни тежини како дополнителна стимулација. 

Применливоста и во другите спортови е повеќе од јасна, телеманијак е одлична алатка доколку ја имате.

26 Октомври 2012

За авторот