Наслов

Питер Саган објаснува како е да се вози Пари-Рубе (без зборови)

На неколку дена пред деветата етапа на Тур де Франс која минуваше по познатата Пари-Рубе патека, Питер Саган заедно со својот тим објавија комично видео каде тој објаснува како победил на 2018 издание на трката, но со пантомима. 

Пари-Рубе или една од „пеколните стази на Северот” е позната велосипедска патека каде се одвива истоимената трка, но и Турот понекогаш поминува по истата делница. Оваа година, на деветата етапа велосипедистите имаа можност да ги искусат 15-те делници коцка (калдрма) кои ја прават патеката исклучително интересна и тешка за возење. 

На етапата имаше бројни незгоди кои завршија неславно за некои возачи. Како што коментаторот спомена во подолното видео, „На северот турот дефинитивно не се добива, но сигурно може да се изгуби”. 

18 Јули 2018

За авторот