Наслов

Ед`н е бија Батко Ѓорѓија, ед`н е и Спејко атлетски мераклија

Куде тумбе с'с три или четири бандере тоа кумановци си знаат, наш таргет е Соколана, главната спортска станица за млади потенцијали во градот. Ѕиркаме од време на време што се готви во кујната на кумановци и на менито има нов мезл'к - Дарко Спејко. Дарко е спортски вљубеник, тренинг -дома-тренинг редовна рутина и секако проследена со успеси. Редно беше да помуабетиме.

Дефинитивно Куманово е атлетскиот град во Македонија, а Дарко еден од новите потенцијали на нашиот спорт. Како го почна животното искуство со атлетиката?

Точно дека Куманово е атлетски град, доволен е фактот што сме младиски и сениорски прваци на Македонија, а неодамна бевме избрани за најдобар спортски клуб во Куманово. Атлетика почнав да тренирам пред 2 години претходно се бавев со кошарка, едноставно барав нови спортски предизвици и решив да ги тестирам моите скокачки способности што всушност се и мој заштитен знак.

Кој ти помага во тренажниот процес и во кои дисциплини настапуваш односно која ти лежи на срце?

Член сум на АК Куманово, тренер ми е Филип Колевски еден од најперспективните тренери со голем тренерски потенцијал, тренер на младинската репрезентација, тренер кој зад себе има исто така натпреварувачко искуство. Настапувам во три скокачки дисциплини наскоро и четвра. Почнав со скок во далечина, паралелно со скок во височина а сега тренирам најмногу трискок, знам одреден преиод од сезоната да истрчам по некој спринт или да се пробам во некоја од фрлачките дисциплини. За спринтовите можам да кажам дека ми лежат на срце, а во иднина планирам да се пробам и во десетобој.

Како котира нашата атлетика во интернационални рамки, ајде да не одиме подалеку направи ни споредба со балканските земји и колку „фурни леб треба да изедеме" и каде треба да се обрне најмногу внимание?

Македонија е можеби најслабата земја во соседството, во споредба со Србија, Грција, Бугарија, кои се пред нас неколку класи, не би сакал да анализираме зошто е тоа така бидејки зависи од многу фактори. Но сакам да напоменам дека доаѓа една нова генерација на млади таленти од сите делови на Македонија кои во наредните неколку години ќе ја подигнат атлетиката на едно повисоко ниво не само во Македонија туку и во Балкански и Европски рамки. И она на кое треба да се обрне внимание е квалитет пред квантитет.

На колку домашни и странски натпреварувања си земал учество и како си задоволен од своите резултати досега и на кои натпреварувања ќе се фокусираш во иднина?

Во изминативе две години главно настапував на домашни натпревари. Досега на сите натпревари на кои сум земал учество, резервирав место на пиедесталот, но 2013, 2014 беше the warm up, 2015 е game time! Напорно тренирав во подготвителниот период, тренирав како животот да ми зависи од оваа сезона, така да целите се: влез во сениорската репрезентација, back2back титула трискок, back2back клупска титула, повеќе интернационални искуства, рекорди. Важни натпревари ми се „Купот на Македонија", сениорското поединечно, од интернационалните: "Европските Игри" во Баку, Азербеџан и атлетските митинзи во соседството. Пак ќе напоменам дека се фокусирам на скокачките дисциплини а за првпат во Македонија по 30 години ќе имаме скокач со стап (pole vaulter), толку не откривам повеќе.

Каде најчесто ги спроведувате подготовките и што е потребно за солидни подготовки?

Зависно од периодот тренираме на различни локации: базичен период бара подобрување на општа физичка состојба, сила и силова издржливост и најголем дел од времето поминуваме во теретана 80%, додека преднатпреварувачки период каде работиме на сила, експлозивност, координација, брзина и малку техника тренираме во теретана во комбинација со сала (затворен простор) и отворен простор атлетските патеки и во природа. Во натпреварувачки период 80% од времето за тренирање сме на стаза каде ја оддржуваме снагата, експлозивноста и техниката. Тренираме и до 2 пати дневно во тешките недели, додека во лесна недела 3 пати неделно.

Благодарност до општината која ни изгради атлетска патека за да тренираме на тартан кој го има само на неколку места во Македонија, не ни треба превоз а и теретаните, салите, и помалите простории за вежбање ни се во близина.

Благодарност и до Атлетскиот Клуб Куманово кој ни ги овозможува најсовремените методи за тренирање, со најсоврема апаратура, за дел од вежбите импровизираме, дел тренираме со професионални справи. 

Имаш ли посебни подготовки пред натпреварите и колку пати дневно/неделно тренираш и каде ги одржувате тренинзите. Дали имаш некаков специфичен диетален режим и суплементација?

Обично пред натпревари правиме само тонизација во теретана со големи килажи, олимписки дигања и слично. Суплементацијата и режимот на исхрана ми е многу битен фактор за успех, не само на мене туку на секој спортист, внимавам што внесувам во својот организам и на количината исто така, она што најмногу внесувам се протеини, а ги советувам сите спортисти да не го запоставуваат внесувањето на вода, и тоа не било каква вода само чиста вода дава долготрајни резултати, а освен што ќе го хидрирате организмот ќе го зајакнете и вашиот имунолошки систем со тоа што многу полесно ќе се ослободувате од токсините, а витамините и останатата суплементација се must have за секој спортист.

Десетобој, сериозен предизвик за да направиш баланс на сите димензии од твоето тело, се буни ли телото понекогаш? 

Десетобојот ми е предизвик, мислам дека тоа е најатрактивната дисциплина во атлетиката, сестраноста е мојата предност бидејќи во мојата спортска кариера имам тренирано повеќе спортови како гимнастика, кошарка, ракомет и во сите бев успешен, мала технична поготовка и за останатите дисциплини тврдам дека ќе ми донесе добар резултат. Се разбира напорно е да се тренира една дисциплина а камо ли десет, па така воспалението повраќањето, покачена температура, болка во зглобовите е само потсетување дека сте на вистински пат да успеете.

Со што друго се занимаваш и дали е поврзано со спорт?

Основач сум на спортска академија SPORT FOR LIFE, во која сега за сега функционира само школото за кошарка BALL FOR LIFE, работам и како персонален тренер, и wellness советник односно советник за здрав начин на живот, хуманитарец, преку нашата организација CARE FOR LIFE организираме хуанитарни акции. Она што спортот го носи покрај резултатите е и добриот изглед па работам и како интернационален модел а од неодамна сум и заштитно лице на DiBiaggio брендот за спортска опрема од Њујорк, САД.

Интервјуто со нашиот друг кумановски атлетски потенцијал - Матеја Ефремовска можете да го прочитате ТУКА 

20 Март 2015

За авторот