Со која шутираш ти?

Си беше едно дете чии што живот револвираше околу фудбалот, а фактот што едната нога која му недостасува не го направи полош шутер од било кое друго дете на теренот седи позади инспиративната приказна за едноногиот Роналдињо…

 

Иако роден со само една нога, малиот Нико Калабриа како и секое дете желно за игра успева да се справи на секој предизвик што му се наметнува. Со текот на времето тој се врзува конкретно за фудбалот, спорт кој е целосно зависен од долните екстремитети и факт кој останува само мотив повеќе за едно енергично и борбено дете.

Попатно во неговата животна еволуција, Калабриа станува првиот човек (поточно дете) кој на 13 годишна возраст го искачува Килиманчаро со помош на патерици.

Сега, тој е член на американскиот фудбалски тим за ампутирани, а инспиративната приказна која е прикажана на погорното филмче е спонзорирана од Powerade спортскиот пијалак кои ја приметуваат можноста за маркетинг преку оваа приказна уште со видеото од средношколскиот натпревар каде Нико постигнува фантастичен гол по нафрлена топка.

Ова момче, како што можете да приметите шутира со лева, но прашањето е со која нога шутирате вие на предизвиците во вашиот живот?

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија