Наслов

Кој е Рич Фронинг?

Да не биде дека не сме го спомнале човекот кој се здоби со титулата „најфит на планетава“ веќе трета година по ред, растурајќи ги колегите на CrossFit. Еве нешто околу него и мотивацијата која успеа да го покрене од слабите резултати на почетокот од овогодинашното натпреварување. 

Трета година по ред, професиналниот CrossFit натпреварувач Рич Фронинг се здобива со титулата „Најфит човек на светот“  ("Fittest Man on Earth"), именување кое покрај наградата од 250.000 долари се добива со завршување на првото место на ова високо ригорозно натпреварување.

Кој е Рич?

На игрите од 22 до 28 јули годинава, Рич успеа да одбрани многу повеќе од само едно прво место. Самиот психолошки притисок околу тоа против кој сè треба повторно да се натпреварува внел голема доза на несигурност. 

И тоа навистина негативно се одразува. После првиот натпревар, Рич завршува на 30то месот, не баш најдобро за подигање на самодовербата. 

По третиот дуел, настапите за овој човек беа уште покатастрофални, а физичките напори кои треба да се совладаат се константно присутни со што му задавале дополнителни потешкотии. 

Ова траело до до клучниот момент, односно мотивационата пресвртница која ја направила неговата жена со една реченица.

Додека заедно седеле во соблекувалната, таа изјавила: „Доколку не се забавуваш, ајде да си одиме дома“.

Рич, кој воедно е посветен христијански верник, ги користи молитвите заедно со оваа едноставна реченица да најде трпение и да се избори со моментите на очај со што повторно се дига на нозе и по трет пат ја освојува титулата на најтешкото натпреварување на светот.

Еве некои од деталите што се случуваа оваа година. 

12 Септември 2013

За авторот