Наслов

Ким вели „Сè што ви треба е силна вагина“

Ким Анами е згодна типка која им помага на луѓето во потсредување на нивните интимни животи. Типката моментално работи на нејзината глобална кампања за подигање на свеста за вагиналната супермоќ. Ние во моќта не се сомневавме, но тренингот, теговите и мускулните контракции ни го свртеа вниманието.

       

За да ја спроведе кампањата Ким постојано патува на различни локации и прави фотографии како она подигнува најразлични предмети со својата вагина, на Инстаграм има повеќе фотки така да може да ѕирнете.  #ThingsILiftWithMyVagina.

Ким вели дека Вагиналниот Кунг Фу е метод со кој се овозможува жените полесно да се "поврзат" со нивната вагина на подлабоко ниво за да бидат поблиску до поголема сексуална енергија.

Тоа  според неа е како Јога за вашата вагина. Со внесување на камен од жад во форма на јајце на кој е прикачена врвка каде можете да закачите најразлични предмети кои со својата тежина ќе ги провоцираат мускулите од карличниот под да се активираат. Овој метод според Ким е многу поефикасен од класичните кегелови вежби.

Бенефити

  • Повеќе оргазам
  • Подолг  и посилен оргазам
  • Посилна карлична мускулатура која ќе превенира било каков пролапс 
  • Полесно породување и побрзо опоравување од бременоста
  • Поголемо либидо
  • Потемелно уринирање 
  • Подобра циркулација  во вагиналниот канал која ќе придонесе за подобра лубрикација 

Извор

08 Февруари 2015

За авторот