Тренинг за нозе со Гоце Мојсоски

Тренингот за нозе се состои од неколку вежби што ги опфаќаат главните мускулни групи на нозете.

1. Првата вежба во овој тренинг е исчекор со шипка на слободен простор.

Се работи каде што може, секој соодветно за својата килажа за да ја поднесе тежината.

Да биде тоа не само напразно ставена тежина, туку подобро е да се работи со помала килажа, но да се работи правилно.

2. Другата вежба за нозе е за предна ложа, чучањ нанапред со ставање на шипката пред глава. Се клекнува под агол од 90 степени.

Се работи 4 серии со по 10-12 повторувања.

3. Третата вежба е преден шут за предна ложа, која исто така се работи 4 серии со максимална килажа.

Заден шут за задна ложа се работи 4 серии со по 10 -12 повторувања.

4. И вежбата за лист, исто така 4 серии со по 12 повторувања со максимална килажа.