Како Петар стана челик – Интервју со Петар Челик

Ние од време на време си јадеме салати кај Челик во Капиштец, но денес ќе зборуваме за друг Челик, најславниот и најпознат бодибилдер на овие простори за кого можеме да кажеме дека презимето му ја предодредила судбината, а дури и името му означува цврстина, карпа.. Петар е мотивација за многу македонски бодибилдери кои ги поставуваат темелите на овој спорт во нашата земја, и затоа интервју со него беше задолжително.   

Како Петар стана челик? 

Со неполни 16 години почнав  да се занимавам со обликување на телото и градење на мускулите. Во тоа време немаше интернет, немаше ни литература и тренери. Дури ни клубови за вежбање. Затоа, сè беше оставено да направиш сам, бараш странска литература или од некој што е поискусен иако немаше многу такви. Справите ги правевме сами и беа чиста импровизација. Правев тегови од запчаници и осовини од автомобили. Благодарејќи на големиот ентузијазам и упорност напредокот беше видлив.

Бидејќи уште како млад бев силен едно време се натпреварував и во олимписко дигање тегови и воедно станав првак на Србија и Војводина. Подоцна сфатив дека тоа не е спортот за мене и затоа се префрлив на боди билдинг. Тој спорт е понапорен од олимпиското дигање тегови, бидејќи на тренинг се подигнува поголема севкупна тежина, заради многуте серии и повторувања, што пак изискува и посебна исхрана.

 

Телото е храм на душата, што е предизвик на секој бодибилдер а да не е само надворешниот изглед на телото. Каде е скриената тајна, разговорот помеѓу душата и телото односно меѓусебното разбирање?

Телото секако дека е храм на душата, но душата не е заробеник на телото, туку обратно. За мене е предизвик да направам совршенство на телото и духот по античкиот модел кој може да се види во секоја скулптура од тоа време. За мене онаа максима „во здравото тело здрав дух” не е комплетно точна, туку треба да биде „на здравиот дух здраво тело”, затоа што пред да стане телото убавото и развиено, сликата за него како идеал најпрво се гради во нашите глави.

Меѓутоа, за да се реализира идејата потребно е да си јак и во духот и во телото, бидејќи тоа е една целина. Особено тоа ќе го препознаете кога ќе се помачите за да добиете снажни мускули. Потребно е да имате цел и визуализација, потребно е да откриете како се прави тоа и притоа издржувајќи ги сите маки до финалниот резултат, кој не е нималку фиксен (туку индивидуален, варијабилен) бидејќи како расте напредокот, растати амбициите. Тоа е поставен пат без јасна цел до каде можеме да дојдеме, но се бориме сè повеќе и повеќе за да се доближиме до идеалот.

 

Талент, Генетика, Опрема, Методика, Суплементација. Каде се потпира најмногу Боди билдингот во денешницата?

Талентот е битен, но пред се е важно да немате сериозни телесни „недостатоци” на скелетот, и дури тогаш да почне со некаков план да го обликува сопственото тело, бидејќи потешкотии ќе имате на пример доколку имате рахитични гради или Х нозе на пример. Оние кои имаат убав скелет ќе бидат во предностна пред оние кои имаат природно поголема мускулна маса, бидејќи не само масата туку и градбата и воља се важни.  Може да се направи напредок и без некаква посебна суплементација, доволно е да сте доволно едуциран и да ги познавате „тајните” на храната. Но да бидеме искрени, сè повеќе и повеќе резултатите во спортот се постигнуваат благодарение на научниот пристап и сознанијата во областа на биохемијата.

Како да се прејде преку платото, и телесното и психолошкото?

Добрите тренери знаат како да ги мотивираат младите спортисти, бидејќи без мотивација и конкретни амбиции, кои тренерите им ги всадуваат на спортистите нема сериозни резултати. Од таа причина успехот во спортот многу или малку е резултат на тимска работа, користејќи и туѓи искуства за да не се стартува секогаш од почеток и да се пронаоѓа топла вода и тркало.

Челик како roll model на генерации. Дали сегашните ја знаат доволно историјата на овој спорт на Југословенските простори.

Малкумина откако ќе пораснат ќе се заинтересираат што и како било пред тие да се родат, тоа важи за сè околу нас не само за спортот. Но тоа е нормално, сепак постои една спојка помеѓу генерациите, а тоа се шампионите оние кои се пред нивното време и кои во спортот одбележуваат цели епохи. Од таквата причина спортот претставува нешто многу силно, им дава на ”најобични” деца да се изразат преку спортот иако ”Господ не им е вујко” и зад нив не стои партија или богати родители за да се истакнат и одкажат. Спортистите се една врста модерни гладијатори.

 

Многу нови трендови нараснаа околу бодибилдингот, дали ќе преживее темелот покрај сите нови врсти?

Новите трендови за малку ќе го уништеа овој спорт. Сега се исправаат одредени грешки во старите зацртани трендови. Се бараше премногу мускулна маса, жените се бавеа со обликување на телото на машки начин. Катастрофа!! И сепак уште владее несреденост околу трендовите. Комерцијалното влијание е преголемо, на запад во целост се трудат да го материјализираат секој сегмент и се е тоа само заради продажба (за среќа не е 100% секогаш така).

Заради хаосот со критериумите за оценување од страна на судиите, на натпреварите многу бодибилдери го изгубија здравјето, сакајќи да постигнат „нереална” мускулна маса, каква што во САД ја гледаат како фетиш. Сето тоа се случи бидејќи во последните децении трендовите ги наметнаа комерцијалните центри на моќ и не секогаш во правилна насока. Направени се катастрофални грешки!

Каде е сега Челик, колку и кога тренира и што работи во животот?

Сега живеам во Нови Сад, работам како тренер и своето знаење и искуство го пренесувам на помладите. Тренирам 5 пати неделно по 90 минути и сето тоа во друштво на млади луѓе бидејќи и работата ми е таква, но тоа ми годи.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија