Билдање рамо со Дејан Србиновски

Четири основни принципи за градење на рамо претставени во едно видео.

Рамо или делтоидеусите е помалку специфична мускулна партија која не смее да се изоставува или прескокнува во вежбањето бидејќи ширината на телото пред сè доаѓа од оваа регија, а исто така битна е и за самата симетрија на телото.

  • Вежба 1 / Летање во седната положба со еднорачни тегови – 5 серии со под 10/12 повторувања.
     
  • Вежба 2 / Потисок зад глава со дворачен тег – 4 серии со по 10 повторувања.
     
  • Вежба 3 / Потисок на предно рамо со еднорачни тегови – 4 серии со по 10 повторувања.
     
  • Вежба 4 / Задно рамо се работи во полунаведната положба (претклон) кон напред и летање во страна со еднорачни тегови – 4 серии со по 10 повторувања.