Наслов

Каде спортува Скопје

Инспириран од објавените резултати во статијата „КАДЕ Е ПОПУЛАРНО ДА СЕ ТРЧА?“ за големите светски градови, се сетив дека податоците од спортските тракери кои се јавно достапни може да се искористат и за создавање на една ваква мапа за Скопје.

Конкретно, ги употребив последните 2000 спортски активности (трчање, велосипедизам, планинарење) кои се јавно достапни на тракерот SPORTYPAL при што на мапата се агрегирани сите GPS точки во регионот на Скопје.

Бојата соодветствува со фрекфенцијата на движење по соодветната патека со што се доаѓа до истите заклучоци: луѓето сакаат да трчаат и возат велосипед покрај кеј, да се качуваат на Водно по Цветкова и Олимписка и да ги користат фудбалските стадиони и парковите за кондициони тренинзи.Исто така за пофалба се и војниците кои споделуваат дел од нивните тренинзи во рамките на касарната Илинден.

 Поголема резолуција од мапата може да се види / купи на следниов линк

19 Февруари 2014

За авторот