Наслов

Каде е популарно да се трча?

Не само што е доста интересно да се видат најпопуларните рути за трчање и спортување во поголемите светски метрополи, туку и можеме да дојдеме до интересен и многу природен заклучок. 

Лондон

Експериментот каде се собрани и прикажани рутите за трчање на илјадници луѓе до поголемите светски градови (претежно американски, но има и европски) е сработен од страна на блогот Folowing Data . 

Во него, обработени се најпопуларните ГПС рути за трчање од 22 градови превземени од различните апликациите кои ја следат активноста на спортски расположените души како RunKeeper и Strava и се натрупани во секоја посебна мапа на градот, а резултатите се прилично интересни за анализирање.

Она што во една реченица авторот го сублимира како заклучок од оваа анализа е тоа што „луѓето сакаат да трчаат покрај вода или во парковите првично поради загадувањето.“

Сиднеј

Може нема да најдеме некој наш град, ама креаторот на експериментот вели дека е прилично лесно да се превземат фајловите и со посебен код да се претворат во видлива мапа. 

Она што ние треба да направиме е масовно да си спортуваме на нашите најомилени локации, да си ја следиме активноста со помош на некоја од овие апликации, а програмер т.е. човек што се разбира во кодовиве и фајловиве, ќе се најде.

Па може и ќе успееме да направиме некој од нашите градови да си има своја мапа на каналите на здравје. 

За сите мапи на големо, клик тука

Париз

Бостон

12 Февруари 2014

За авторот