Наслов

Вашето куче, причина за повеќе согорени калории

Ако најтешко ви паѓа да се натерате да излезете од дома, и да ги натерате и своите пријатели за еден попладневен џогинг во парк, купете си куче.

А за оние кој веќе имаат, нека биде дополнителна причина како заедно со своите миленици редовно да тренираат и да се одржат во добра форма низ текот на целата година.

Значи, кога веќе имате амиго за рекреација, трчање и долги прошетки, единствено што треба е да останете доследни на повикот на поводникот и опашката што мрда.
Направете така да секое излегување не биде само за физиолошки потреби на вашето куче, туку и за малку размрдување и тренинг.
 
 
Доколку имате вишок килограми а немате многу време да посветите на себе, направете така да секогаш кога излегувате со вашето куче согорите некоја калорија плус.
Ова е предизвик кој ќе треба да го совладате со својот тренинг партнер и да изнајдете активност и интензитет која ќе ви одговара и на двајцата. 
 
Енергичното и брзо одење ќе ви биде одличен почеток и како загревање за трчање и како изолиран трениг. Доколку чуствувате неспремност да одржите одредено темпо на трчање подолго време, правете интервали со забрзувања и успорување на чекорите. Ќарот ќе го имате и двајцата. Освен согорената сланинка, со тек на време ќе имате и подобар кардиоваскуларен систем, ќе го регулирате крвниот притисок и ќе имате помал ризик од депресија.
 
Ако меракот ви е на џогинг знајте дека не секоја раса на куче е скроена за тоа, па затоа советувајте се со вашиот ветеринар  доколку сакате да пуштите чекор и да направите посериозен тренинг. Хртовите на пример се скроени за спринтеви на кратки дистанци, и можат да се заморат доколку со нив поминете подолга дистанца. А доколку имате раса како лабрадор, нема за што да се грижите.

Внимавајте на староста на кучето и  интензитетот и времето поминато во џогинг. Хидрирајте се во топлите денови, a доколку трчате по макадам, погруба површина, снег и слично набавете му специјална заштита за шепите. 

Подоле додадов листа на енергични раси за кој се смета дека се одлични партнери за џогинг. Ако вашата раса не е на листава тоа не значи дека не е соодватна за џогинг, многу мали кучиња можат да ви прават одлично друштво додека трчате.   Во мојот случај тоа е расата Jack Rassell Terrier. Уживајте и живејте активно.

A
  • Airedale Terrier
  • Alano Español
  • Alaskan Malamute
  • American Foxhound
  • American Indian Dog
  • American Pit Bull Terrier
  • Australian Cattle Dog
  • Australian Kelpie
  • Australian Shepherd
  • Austrian Shorthaired Pinscher
B
  • Basenji
  • Bearded Collie
  • Belgian Shepherd Groenendael
  • Belgian Shepherd Laekenois
  • Belgian Shepherd Malinois
  • Belgian Shepherd Tervuren
  • Black and Tan Coonhound
  • Black Norwegian Elkhound
  • Border Collie
  • Borzoi
  • Bouvier des Flandres
  • Boxer
  • Boykin Spaniel
  • Braque du Bourbonnais
  • Briard
  • Brittany
  • Bull Terrier
C
  • Canaan Dog
  • Cane Corso Italiano
  • Canis Panther
  • Carolina Dog
  • Cesky Fousek
  • Chesapeake Bay Retriever
  • Chinese Chongqing Dog
  • Chinook
  • Cierny Sery
  • Collie
  • Cretan Hound
  • Czechoslovakian Wolfdog
D
  • Dalmatian
  • Danish-Swedish Farmdog
  • Doberman Pinscher
  • Dogue Brasileiro
  • Doodleman Pinscher
  • Dutch Shepherd Dog
E
  • East-European Shepherd
  • English Foxhound
  • English Setter
  • English Springer Spaniel
  • Estonian Hound
F
  • Field Spaniel
  • Finnish Hound
  • Flat-Coated Retriever
  • French Spaniel
  • French Brittany Spaniel
G
  • German Shepherd Dog
  • German Spitz
  • German Shorthaired Pointer
  • German Wirehaired Pointer
  • Giant Schnauzer
  • Golden Retriever
  • Gordon Setter
  • Greenland Dog
  • Greyhound
H
  • Harrier
  • Hellenikos Ichnilatis
  • Hovawart
I
  • Ibizan Hound
  • Icelandic Sheepdog
  • Irish Setter
  • Irish Staffordshire Bull Terrier
  • Irish Water Spaniel
K
  • King Shepherd
  • Kishu Ken
  • Kooikerhondje
  • Koolie
  • Kuvasz
L
  • Labrador Retriever
  • Lakeland Terrier
  • Leonberger
M
  • Maremma Sheepdog
  • Mountain Cur
  • Mountain View Cur
N
  • Native American Indian Dog
  • New Zealand Heading Dog
  • New Zealand Huntaway
  • Norwegian Elkhound
O
  • Old English Sheepdog (Bobtail)
  • Otterhound
P
  • Panda Shepherd
  • Perdiguero de Burgos
  • Petit Bleu de Gascogne
  • Pharaoh Hound
  • Plott Hound
  • Pointer
  • Portuguese Water Dog
  • Puli (Pulik)
R
  • Redbone Coonhound
  • Rhodesian Ridgeback
  • Roman Rottweiler
  • Rottweiler
S
  • Samoyed
  • Scotch Collie
  • Scottish Deerhound
  • Segugio Italiano
  • Seppala Siberian Sleddog
  • Shepadoodle
  • Shikoku
  • Shiloh Shepherd
  • Siberian Husky
  • Silken Windhound
  • Slovakian Rough Haired Pointer
  • Slovensky Cuvac
  • Soft Coated Wheaten Terrier
  • Spanish Water Dog
  • Stabyhoun
  • Staghound
  • Standard Schnauzer
V
  • Vizsla
W
  • Weimaraner
  • Welsh Springer Spaniel
  • Welsh Terrier
  • Wirehaired Pointing Griffon
  • Wirehaired Vizsla
14 Мај 2013

За авторот