Среќата во планинарењето

Ако барате долгорочна инвестиција во вашите нерви најдете по еден ден во неделата во кој ќе пешачите на планина со друштво. 

Резултатите на една понова студија правена од британски и американски истражувачи велат дека групните прошетки во природа му помагаат на човекот полесно и поедноставно да се справи со секојдневните стресови и ја зајакнува менталната благосостојба.

Во програмата Walking for Health која беше организирана во Англија, а каде земаа учество повеќе од 70,000 регуларни учесници во различни прошетки тимот на експерти ја анализираше поврзаноста на прошетката во природа со депресијата и потиснувањето на негативните ефекти од стресот во животот на дел од овие луѓе. 

Бидејќи студијата била правена на поголема група на луѓе во која што тие самите имале избор да учествуваат во прошетките или не (а не биле натерани), се добија во голема мера релевантни резултати кои покажаа дека оние кои учествувале во прошетките на регуларно ниво, еднаш неделно, имале попозитивен став и помалку стрес од останатите.

„Стресот нема да исчезне па затоа е важно да научиме како да се справиме со него.“ – вели авторот на студијата Сара Вербер. „Прошетката во природа е механизам на прилагодување, а полезностите не се само физички.“   

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија