Спакувај си го ранецот како што треба

Верувајте дека ако не си ги подредите работите кои влегуваат во вашиот планинарски ранец соодветно, најверојатно ќе имате доста глупав проблем при носењето на истиот. Ќе ве вади од баланс во текот на пешачењето, може да паднете кај што не треба токму поради овој проблем, а најважно е тоа што цело време потајно ќе ве фрустрира низ пешачењето – нешто што не е дозволиво. 

Во видеото погоре се објаснува зошто е потребно соодветно распоредување на тежината во вашиот планинарски ранец и како тоа влијае врз балансот во вашето одење и носење на товарот.

Во него прикажани се неколку соодветни начини за тоа како да ги распоредите работите што ќе ги носите сосебе, пред се, земајќи ја во предвид тежината на предметите и влијанието на таа тежина врз вашата стабилност додека пешачите. 

Во скратена верзија тоа оди вака: 

Чекор 1 – Предметите распоредете ги во три групи во однос на нивната тежина – лесни, средно тешки и тешки. 

Чекор 2 – Тешките предмети секогаш класифицирајте ги и поставете ги во средината од ранецот, поблиску до грбот и половината. Лесните одат најдолу, а средно-тешките и оние кои ви се најпотребни најгоре. 

Ова е една од основните лекции во планинарењето, па затоа внимателно научете ја. Дополнително, обавезно размислувајте и за потребата од користење на истите предмети во претстојното пешачење и распоредете ги така да ви бидат на дофат на раката. Не сакате да го барате екстра парот на ракавици вечно кога ќе ве задува силен ветер на сртот. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија