Table and mind games

Помнењето како екстремен спорт

Умешноста на одредени луѓе да го запомнат редоследот на шпил карти или децималите на некои гигантски број отсекогаш била импресивна работа сè додека не почнаа истово да го прават на врвот на Килиманџаро и близу врвот на светот.

Во погорното видеот го имаме Нелсон Делис, трикратен светски шампион во меморија на врвот Ухуру (5,895 м.н.в), односно највисоката точка на Африка како го рецитира редоследот на шпилот од карти кои само еднаш помина низ неговите очи. Импресивна способност поготово ако се земе фактот на реткиот кислород што владее на такви височини.

Она што е поинтересно е тоа што претходниов месец се одржа првото светско првенство во екстремно помнење во Сан Диего, Калифорнија каде што настапија 16 натпреварувачи во неколкуте категории хронометарско помнење на огромни бројки и шпилови карти.

Натпреварот беше организиран од компанијата Dart Neuroscience која што работи на развивање на медикамент кој би ја зголемил моќта за когниција кај луѓето заедно со група на научници кои беа таму повеќе за другиот аспект на научните цели. Се играше во формат – елиминации со тоа што „атлетите“ се бореа во едноминутни натпревари на броење шпилови со карти и распореди на бројки.

 

Финалето се водеше меѓу двајцата германци Симон Реинхард, адвокат, кој го држи рекордот за најбрзо меморизирање на шпил карти (21,19 секунди) и Јоханес Малоу, наставник, кој го држи рекордот за паметење на бројки (501 во една минута). Победник беше Симон кој ја доби наградата од 20,000 долари.

Она што еден од психолозите го наведе како клучната разлика која овие луѓе ја имаат во однос на сите нас останати не лежи во самата меморија која тие ја имаат, туку во нивото на внимание кое го одржуваат.

Палатата на меморијата

Техниките кои се користат од овие исклучителни личности е позната. Повеќето од нив го складираат својот материјал во т.н. „палата на меморијата“ каде асоцираат одредени бројки, зборови или карти со специфични слики од нивното секојдневие. Потоа, сликите ги сместуваат на некоја позната добро позната локација, како својот двор или улица и со тоа градат инзвонредно бизарна, но лесна за помнење приказна која потоа ја репордуцираат како би се сетиле на работите кои ги запомниле.

Повеќе ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија