Наслов

Плати, салото да не се клати!

Плаќањето однапред во вашиот фитнес центар и тренингот со згоден инструктор/ка или во група е најлесниот начин да се поттикнете и да дадете се од себе во процесот на топење сало.

За многумина, најмоќната комбинација за експедитивно смкнување на вишокот килограми е зачленувањето во фитнес центар или придружувањето во тренинг групи заедно со своите пријатели, покажа студијата направена на 2 илјади испитаници од страна на Универзитетот во Мичиген.

Оние кои редовно тренираат во групи имаат до три пати побрз резултат од оние кој држат некакви диети или вежбаат во приватноста на својот дом без партнер или инструктор.

Групните тренинзи најлесно ги мотивираат луѓето да вежбаат поинтензивно и да вложат повеќе труд, затоа што така си докажуваат пред себе и пред другите дека се способни да го направат тоа и покрај конкуренцијата, објаснуваат спортските психолози.

Одличен мотиватор за вежбачите е секако тренерот или инструкторот кој има фит изглед и тело кое делува како показател како би можеле да изгледаат и они доколку се потрудат.

Клучен фактор е и плаќањето на услугата однапред, затоа што така ќе имате мотив плус, да не ги пропуштате своите платени тренинзи.

09 Април 2013

За авторот