Наслов

ОK ли е да вежбам со настинка?

Љубопитни да дознаете дали е во ред да вежбате додека имате некаков вид настинка! Ве копка, ви се вежба, а ве мачи некој затнат нос или болно грло...

Во принцип, човек секогаш треба да биде внимателен со ваквиот избор бидејќи во некои ситуции вежбањето може да ја влоши моменталната состојба. Затоа, вашето тело нека биде ваш водич. Ако се чувствувате „скапани“, одморете. Неколкуте пасивни дена нема да наштетат на вашите перформанси, а како се опоравувате почнете полека да се враќате во форма. 

Од другата страна, умерената физичка активност е сосема ОК доколку имате лесна настинка без температура. Вежбањето дури и може да ви помогне со назалната конгестија (затнат нос) со тоа што барем привремено може да ви ги направи ноздрвите проодни. 

Еве еден краток и генерален водич за вежбањето и настинките:

  • Вежбањето најчесто е сосема прифатливо доколку симптомите и знаците од состојбата се „над грлото“ - горен респираторен тракт. Тука спаѓаат симптомите кои одат со нормална настинка - кивање, течење секрет од нос, назална конгестија или блага варијанта на болно грло. Во овие случаи направете тренинг но намалете го интензитетот и времетраење од она што го правите вообичаено. 
     
  • Не вежбајте доколу знаците и симптомите се „под грлото“ - проблеми со белите дробови, сериозно кашлање или болен стомак. 
     
  • Не вежбајте доколку имате температура, слабост и мускулни болки. 
04 Декември 2013

За авторот