Sport DNK

Фотографии

Објави

Ултрамаратонот од аспект на возрасен волонтер на контролна точка

Многумина ултрамаратонци не се ни супер жени, ни супер мажи, но имаат нешто заедничко - сите ја имаат откриено радоста на трчањето во природа. Нема граници на возраст, нема полова, расна ниту национална делба,...

Крекери со пиво за со пиво

Во Мегамед имавме можност да ги пробаме крекерите на Тина, снаа на Наде, а заклучокот беше дека овој вкус вреди да се сподели. Лесен рецепт за интегрални крекери кои се одличен додаток за чаша...

Чорба со земјени јаболки

Чорбата е со земјен артичок или Ерусалимски артичок или топинамбус. Овој земјен дар кој го има во изобилство низ Македонија не се опишува на кратко колку е здрав и почитуван плод низ историјата. Може...

Сончарка на грил тава

Оваа превкусна печурка освен во маринада, експресно може да се приготви и на грил тавче. Сончарките се со регистрација ПП, уловени за време на Крали Марко 2016...

Маринирани сончарки

Позната и како срндак, печурката е широко распростанета во подрачја со умерена клима, многу вкусна и хранлива...

Месен ролат

Рецептот за месниот ролат ни го даде месарот Гого од Ѓорче.

Баба гануш

Ориентално популарно мезе, прифатено во целиот свет...

Макало „ДОПРИ ГО СОНЦЕТО”

Велосипедите се монтирани, шаторите спакувани, уште фалеше нешто вкусно во ранецот со грицки. Ова макалце го стокмивме по повод Алшар 2016 како одлична енергетска комбинација за претстојниот сончев викенд...

Песто од коприви

Одличен намаз кој ние го искористивме во солени палачинки, но исто би бил вкусен и здрав во комбинација со интегрални тестенини или печен компир...

Ќебап со тиквички

Наместо класични плескавици, пробајте го ова вкусно ручече со мелено месо...

Џем со сланина

Спремно калорично макалце кое топло ви го препорачуваме како дел од вашето планинарско мени...

Прилепски сендвич

Фотографиите се направени на Трескавец, а сендвичот беше дегустиран од група болдеристи.

Златно млеко

Вкусен млечен пијалок, кој може да биде одлична припрема за сладок сон или солиден антиинфламаторен пијалок за спортисти.

Гулаш од буковки

Кога го начекавме кластерот од буковки на пазарчето во Ѓорче, дилемата наречена „што да се готви за ручек?“ веднаш се реши. Овој вкусен и посен гулаш го снема од чиниите за неколку минути.

Лапа пудинг

Карактеристичен за кочанскиот крај, а одлична гликогенска подлога за спортисти и рекративци...

К’цана сол

По дефиниција к’цаната (мелена, толчена, како сакате) сол е мешавина од миродии и билки со основа од пченкарно брашно, леблебија и сушени црвени приперки, толчена до ситен прав во аван. Многу градови и села...

Правилен избор на патики за спортување

Најчесто одлучувачки фактор во изборот на спортски обувки е УДОБНОСТА, но таа е субјективна и најчесто не е гаранција за правилен избор. Добар избор на патики го намалува процентот на повредите во сите спортови,...

Детокс еликсир

Совршена коктел креација за наутро, употребувана уште 5000 години пред нашата ера.

Печени компири по мушковски на Тони Црвак

Село Мушково е прекрасно кратовско село на Осоговските планини на надморска висина од 1130м. Компирите се традиционално мезе за зимските вечери, се разбира во комбинација со добро црвено вино од познатиот кратовско - вулкански вински...

Планинарски сендвич

Ако планирате јака тура овој викенд, планирајте и калорична храна. Овие сендвичи се припремаат брзо, а се вистинска гозба некаде горе на некој врв...

Зимска хранлива супа

Супата здравјето го чува, а оваа ви е спремна за 15 минути, башка вкусна, башка хранлива...

Салеп

Задолжителен дел од вашето зимско мени...

Посна пита со праз

Вкусна пита која беше дел од Бадниковата вечера, ама веќе ја планираме почесто на трпезата...

Салата од моркови и портокал

Едноставно кажано портокалова салата од секој аспект, и за око и на вкус, а богами и мирис. Убава и освежителна салата која е одлично витаминско надополнување во тмурните зимски денови...

Домашен јаболков оцет

Со овој рецепт добивате прекрасен домашен јаболков оцет кој можете да си го користите за убавина и за здравје.

ПРИРОДЕН МЕДАЛ ДОДЕЛЕН КАКО НАГРАДА ЗА ВАШАТА НАПОРНА РАБОТА ВО ВЕЖБАЛНАТА

Само сериозни вежбачишта кинат хулахопки!

Дечки, често ги кинете хулахопките на вашите девојки? Теретаната Ви е втор дом, шипките Ви се љубов вечна, вратилото за тресење теписи пред зграда Ви е прв другар, а можеби сте тенисер, алпинист, болдерџија,...

Расцветан кромид

Го начекавме и го пазаривме, најголемиот кромид што сме го виделе досега. И ќе ни беше криво ако завршеше во секојдневна обична салата. Затоа го одбравме овој прекрасен рецепт за печен кромид за да...

Течна гоџи енергија

Витаминска бомба, минерали на претек и антиоксиданси во една чаша, а дополнително добивате и ароматерапија. Пробајте ја нашата течна енергија...

Паштета од пиперки и урда

Лесен и вкусен намаз кој може да се консумира веднаш или да се спакува во тегли и кратко да се пастеризира за да имате спремна веге паштета за во зима...

Сендвич во стек

Одлично спортско ручече, лесно за транспорт, а тешко на протеини...

Пикантен млечен намаз

За сите љубители на луто ова е одлично пикантно макалце кое лесно може да заврши на лепче, во сендвич или во кутивче за на планина...

Сендвич со смокви и пршута

Сите сетила се будат, ама ќе ви текне зошто откако ќе си ја потпечете оваа комбинација. Не за џабе Клеопатра сакала смокви...

Смути од диња

Вусно и летно, освежете се и витаминизирајте се уште денес!

Диња со ѓумбир

Слатката диња надградена со малку кисело-лут меден сос. Уживајте...

Кули од патлиџани

Летна комбинација од антиоксиданси, модриот патлиџан изобилува со антоцијанини, а црвениот со ликопен. Освен тоа, ова предјадење е исто толку вкусно како и што изгледа...

Циронки во доматен сос

Начекавме на пазарче малку од вкусот на Преспанскиот регион и проблемот "ручек" беше решен за тој ден. Циронките се всушност сушени белвици, конзервирани со сол, а вкусот е уникатен и прекрасен.

Макало со амарант

Ако ви здосадија класичните макала можете да го пробате ова вкусно и несекојдневно макало со амарант што тешко ќе можете да го оставите додека не го снема.

Свеж босилек во масло

Добра идеја за вишокот босилек. Вака приготвен може да отстои во фрижидер и до 2 години.

Топол сендвич со спанаќ

Омилената лименка на Попај е полна со фолати, витамини А, Ц и Е како и два битни каротеноиди, лутеин и зеаксантин. Дополнително овој оброк е засилен со протеините од јајцето. Овој сендвич одлично ќе...

Мајмунски путер

Овој сладок „путер“ мора да го имате во фрижидер. Одличен за големи и мали, за во палачинки и за на лепче, а ние дури го сркавме од тегла затоа што има вкус на тропски...

Едноставноста на велосипедската авантура

Најефикасен и наједноставен начин за да доживеете авантура во секаков смисол е велосипедизмот. Не постои подобар независен начин за истражување. Доволна е вашата желба и инспирација бидејќи и на најмалите извозени дистанци ќе ја...

Пица галети

Вечера за на брзинка, кога имате дома многу гладни усти и заостанато пакување оризови галети...

Пролетна салата

Нека не ве буни „салата“ во насловот. Овој микс од пролетни вкусови може да биде оброк сам по себе...

Овошен сендвич

Јаглехидратен појадок, за голема доза гликоген. Ова е оброкот кој ќе ве одведе од старт до цел без калориска криза...

10 препораки како да се спречат повредите при трчањето

Трчањето е природен облик на вежбање и една од основните човечки потреби. Низ човечката историја трчањето било основна алатка за егзистенција, а денес е основна превентивна алатка против болестите предизвикани од неактивности и премногу седење.

Глутеална амнезија – кога ќе заборавите дека имате задник

Пасивниот начин на живот богат со многу седење а малку движења многу често е причина за слабеење или атрофија на глутеалната мускулатура или мускулатурата на задникот. Изгубената меморија за основните активности на мускулите на...

Тркачко колено

Задолжително за сите мераклии на трчањето

Тркачкото колено е болна состојба, типична за тркачките, скокачките и сите други спортови што го оптеретуваат предниот сегмент на коленото што ја опфаќа тетивата на квадрицепсот, пателата или чашката и пателарниот лигамент.

Поширано јајце

Кулинарска лекција: како наједноставно да испоширате јајце?

Домашни билни пастили

Направете си домашни пастили како хербална превентива или орален антисептик, по рецептот на баба ми...

Не за неактивниот начин на живот

Нешто повеќе за „расипаниот круг” на неактивноста, мрзливиот начин на живот и нашето насушно здравје и како сето тоа може да се поправи со многу мал влог. 

Во чест на winter bike to work day

Мобилни ама активни

Ако МОБИЛЕН АМА ПАСИВЕН начин на транспорт објаснува користење на моторизирани средства (автомобили, мотори, јавен сообраќаен транспорт), лесно е да заклучиме дека МОБИЛНИОТ АМА АКТИВЕН начин е користење на велосипед, ролери или одење пеш.

Паштета од шампињони

Загарнатирано употребата на оваа паштета нема да ја оставите само за мачкање леб, туку ќе ви биде додаток за сите оброци во денот сè додека не ја потрошите, а после се знае, нова тура...

Со спорт против остеоартритис

Ако ги исклучиме траумата, наследниот , метаболниот и едокриниот фактор, лесно ќе заклучиме дека долгочасовното седење по софи, троседи, каучи и фотељи со последователна зголемена телесна тежина е сигурна причина за остеоартритисот.

Паштета од скуша

Убава паштетка од риба која и до една недела може да го аранжира вашиот фрижидер, но и вашите сендвичи.

Кекси од кокос

Сладок кркцкав кекс без грижа на совест и без потрошено време!

Бракот е предиспозиција за дебелеење

Бракот или опцијата партнерски живот во најголем процент е причина за зголемување на телесната тежина кај обата партнера со намалување на физичките активности.

Огнен дигестив

За засилување на имунолошката заштита, но и внатрешно стоплување во зимските месеци...

Спорт против телесните реакции од зимската промена на часовникот

Манфред Казел, специјалист по медицина на сонот вели дека промената на сметањето на времето има исти ефект врз човекот како што имаат и промените на часовните зони при интерконтиненталните летови. Ефектот е стрес.

Чили сендвич со димен кашкавал

Најславното и најпознатото чили во Америка го готвеле браќата Кираџиеви, Атанас и Кире (таму познати како Том и Џон), уште од 1922 во Синсинати, Охајо, а денес нивниот бизнис успешно го води синот на...

Спортска кила (хернија)

Спортската хернија (кила) или атлетска пубалгија (болна препона) многу често погрешно се споредува со правата кила односно ингвиналната хернија.

Летна цитрулинска напивка

Лесен пијалок од лубеница препорачан наутро пред активност во природа или навечер за освежување после дневните жештитни...

Мацкало со грашок

Оди со леб, оризовки и слични додатоци за мачкање, а уште поубаво ќе оди како мезе со пијалоци при спортско финале. 

Нејмар е само еден од толпата повредени

Нејмар е само еден од толпата повредени на ова Светско фудбалско првенство во Бразил. ФИФА прави сериозна статистика, анализа и ангажмани на ваквите настани со цел да се намали бројката на повредени фудбалери.

Мусли – домашно подготвени

Овие мусли барови се лично производство, а вие ќе внесете своја оригиналност ако нешто додадете или одземете во состојките.

Гулаш со дивеч и паста

Доколку при рака ви дојде дивеч и се мислите како да го припремите, повелете една интересна и вкусна идеја. 

Иранска салата

Вкусен експеримент за салата особено доколку ја почитувате ориенталната кујна и вкусови. 

Пилешки ролат

Главно јадење за љубителите на месо, кое подобро е да го приготвите дома отколку да го купите готово со помалку квалитетни намирници. Како додаток, добро оди со синап од тегла. 

Физичка активност за раат сон

Вашето тело и ум го препознаваат „слаткиот“ умор од редовната вежба и релаксирано и самостојно се ставаат во пријатна ноќна хибернација. Сте размислиле ли за вежбањето како лек за несоница?!

Најмакедонско макало

Вкусно макало со најмакедонски продукти. Оди како одличен додаток во зимски бургери, а се мачка и на леб (некоја поздрава варијанта) со сирење или кашкавал. Едно, до две парчиња максимум, инаку станува опасно!

Стрес скршеница (марш фрактура)

Стрес фрактурите се типични спортски повреди, резултат на замор или претренираност без доволно одмор помеѓу вежбања и натпревари.

Брзи крекери со макало

Убав и брз домашен крекер, ароматичен и крцкав што оди супер со разни кремови, макала и домашни паштети. Ние крекерите ги измацавме со макало од кикирики и босилек. Одлична комбинација од вкусови, а и...

Нордиско пешачење – додатна активација во вашата прошетка

Нордиското пешачење претставува масовно користена, здрава и препорачана рекреативна спортска активност со користење на два стапа, штеки, налик на тие за скиjање или било каков алтернативен модел. Совршен аеробен тренинг каде 90% од целокупната...

Празови бротчиња

Вашата креативност со апетитот секогаш може да направи промена само во додатоците за филот.

Сицилијанска салата

Зимска, свежа и несекојдневна салата. За здравствените бенефити нема потреба да дискутираме. 

Полнети ќофтиња како гнезденца

Сочни и вкусни домашни ќофтиња, најдобра замена ако ви се пријаде мелено месо, а помислувате да земете еден брз сендвич од локалните сендвичари. 

ОK ли е да вежбам со настинка?

Љубопитни да дознаете дали е во ред да вежбате додека имате некаков вид настинка! Ве копка, ви се вежба, а ве мачи некој затнат нос или болно грло...

Здрава паштета од скуша

Одличен јак доручек, добар ручек во многу комбинации, но и добро мезе на лепче, брускети или крекери по квалитетно поминат ден.

Тркачки бомбици

Ако сте на трк, ова е правата бомбица за енергија и ситост во стомачето. 

Мажи, вежбајте и јадете риба за поголема плодност

Редовните телесни активности покрај избегнувањето на преработено месо, а јадење на повеќе риба се причина за зголемен број на сперматозоиди - заклучок од најновите истражувања направени на Харвард.

Скршеница на носните коски во спортот

Многу честа ненамерна (намерна) повреда во спортските натпревари е скршеницата на носните коски.Честотата на оваа повреда пред сè е во контактните спортови како фудбал, ракомет и кошарка и веројатно е иста како и кај...

Морковни стапчиња

Несекојдневна и вкусна и здрава закуска, наместо да посегнувате по готовите варијанти. 

Супа со икра

Не ја испуштајте можноста да ги припремите случајно најдените икрички и млечот (од било која свежа риба) во една прекрасна, здрава супа... Загарантирана квалитетна вечера по вашиот тренинг.

Пиперки во сенф

По рецептот на Наде Маневска, кој што сите нè плени со својот шмек, ви ги презентираме пиперките во сенф што се прилично лесни за правење, а секако се поздрави од ајварот....

Спортски активности против рана сексуална пензија

Сексот не може да биде добра замена за спортски тренинг, бидејќи за добар секс потребни се континуирани спортски активности! Точно е дека најдобар афродизијазик е љубовта, а најдобар сексуален суплемент се физичките вежби кои...

7 совети за превенција на мускулно – скелетни повреди

„Болката е најдобар пријател на човекот“- Хипократ. Секоја болна состојба или непријатност, различна од нормалното во тек на спортските активности треба да се испочитува бидејќи тоа е најчесто иницијалниот предупредувачки знак.

Бургер со тиквички

Домашен бургер е одлична замена за оние комерцијалните. Убав е и кога ќе се излади, па затоа можете слободно да си го спакувате како оброк за на работа/факултет/училиште. Сепак, сметајте да го конзумирате барем...

Модар бургер

Протеински модар бургер со малку јаглехидрати. Погоден е да го конзумирате како закуска на работното место, неколку часа пред попладневниот тренинг. 

Што со плускавецот на планина?

Тргнувате на викенд на планина да издувате глава на некој врв, супер време, дружина, и од нигде - никаде плускавец. Рачна! Ајде прво да спречиме, па ако се случи ќе лечиме.

Топено крушевско сирење

Иако е вкусно и неодоливо, топеното сирење треба да се конзумира во мали количини поради високата калорична вредност. Можете да го приготвите како мезе за друштво или фамилија за да го добиете идеалниот баланс.

Бандажирање на глуждовите – супериорна превентивна мерка во кошарката

Правилното бандажирање на скочните зглобови треба да биде стандардна процедура пред секој тренинг и натпревар во кошаркатa бидејќи превентивата која што ја нудат од повреди на скочниот зглоб е супериорна.

Летна грав салата

Хранлива салата која што може да го менува и ручекот во летните денови. 

Пристоен предлог – физички вежби против мигрена

Неодамна објавените студии укажуваат на позитивниот ефект на редовните физички активности врз инциденцата и интензитетот на мигрената. Споредбата на ефектите од физичките активности и медикаментозната терапија е коректен пристоен предлог.

Расцветано лепче

Викенд вкусно и калориски појачано лепче за цела фамилија, доколку планирате понапорни физички активности како долга планинарска тура на пример... 

Кој има дилеми за секс пред натпревар?

Ако мислите дека една најнормална секс партија негативно ќе влијае на вашата енергија за било каква спортска активност или натпревар, размислете колку „подобри" резултати ќе извадите без неа.

Женски спортски тријас

Зголемената енергетска потрошувачка со рестриктивни навики во исхраната, намерно или ненамерно, кај жените спортисти или рекреативци може да доведе до сериозни нарушувања кои се надоврзуваат каскадно и затоа се назначуваат како тријас, односно доведуваат...

PELVIC CRROSED SYNDROME

Карличен вкрстен синдром

Статистиката вели дека 80% од луѓето кои водат урбан начин на живот (во превод седечки начин) имаат хронични болки во долниот дел на грбот.

Едни поинакви пилешки ражничи

За љубителите на пилешко месо, еве еден поинаков ражнич. Навидум исто, но на вкус многу поровко и деликатно. Миродиите си го прават своето... Нека се обновуваат мускулите со чист месен протеин. 

Модар патлиџан со куркумин

Модриот патлиџан зачинет со екстра здравиот зачин куркумин може да ви биде одличен прилог за ручек или вечера, но и оброк доколку сакате полесно да поминете.

За ладење во најтоплите летни денови

Жетварска салата

Кога летото го достигнува пикот, време е за жетварска салата! Нашите предци ја користеле кога оделе на жетва и тоа во многу пооскудно издание, но тоа им помагало да останат силни и хидрирани во...

Грч си е грч

Поради фактот што секој спортист некогаш имал некое згрчено искуство, убаво е да се има на ум како правилно може да се отстрани, зошто всушност воопшто се манифестира и како едноставно да се превенира.

Улнарна невропатија – велосипедска парализа на шаката

Цената на вашите подолготрајни велосипедски уживања може да ја платите со непријатни трпнења на малиот и домалиот прст, со вкочанетост и мускулна слабост на целата шепа па дури и со недостаточна координација и парализа...

Макало со црвени кисели џанки

Ако не знаете што да правите со сливките во вашиот двор, еве ви одлична сезонска идеја! Еве на пример можете да ги искористите за многу вкусен пинџур...

Заштити се од сонце додека спортуваш

Една од најголемите препораки од почетокот на минатиот век беа за што повеќе сончање за подобро здравје, силен имунитет и здрави коски. Работите од тогаш до сега видно се изменија. 

Лумбален синдром кај спортисти

Оваа многу честа појава пред сè кај млади спортисти и рекреативци е карактеристична за спортови каде има најголемо оптоварување на долниот или лумбалниот дел од рбетот (пр. гимнастика, активности во теретана, фрлачи на копје...

Крлежот не „паѓа“ на парфеми

Сите планинари, обожаватели на природа и отворено небо, шаторџии и аутдорци, маунтинбајкери итн. научете како да се справите со крлежот. Тој не „паѓа" на парфеми, а и вие не паѓајте во дилеми.

Носете кондом, сигурно ќе ви се најде!

Човечката оригиналност и креативност, согледувајќи ги квалитетите на еден кондом, надвор од неговата оригинална употреба му придодала низа на други практични употребни вредности, особено за аутдор рекреација и спорт и за сите авантуристи кои...

Прва помош опрема за активности во природа

Задолжителен дел од багажот при секоја па дури и најкусата планинарска, маунтин бајк или било каква тура, излет, спортување или активност во природа е кутијата со прва помош. Мала работа која може да спаси...

Хроничните болести не се изговор

Ако имате некаква хронична состојба или болест секако дека се прашувате колку и како, и дали да бидете активни за да не се чувствувате лимитирано во вашето тело. Со добра консултација, скоро секој би...

Емотивни состојби во спортските активности

Спортските активности доведуваат до видливи промени на телесните функции, но и до значителни промени на менталните функции. Да видиме зошто најчесто после било каква физичка активност човекот доживува наплив на среќа и добро расположение.

Пикантни јајца во тегла

Една идеја повеќе за тоа што да правите со залихите од вашите велигденски јајца. Одличен рецепт што можете одложено да го конзумирате како пикантен додаток со останатите оброци. 

Џогерска брадавица

Оваа болна и непријатна состојба е предизвикана од подолго триење на брадавиците на градите со дресот или маицата најчесто после долготраен џогинг, маратон или било кој друг спорт. Иритацијата е присутна кај двата пола,...

Совети за користењето на планинарските стапови

Доколку си имате мерак на трекинг тури, планинарење и високогорски авантури еве неколку општи информации, кратки извадоци и препораки за планинарските стапови како дел од опремата за планинарење кои ги имаат напишано медицинските комисии...

ОМЕГА Макало

Добиениот намаз е супер комбинација за здрави сендвичи ама и за со мезе. Инаку, ова е доза за два јаки омега сендвичи!

Ако трчаш, трчај правилно

Не е битно како си облечен или дотеран за џогинг, не е битно каков модел на патики имаш (1960 година на летните олимписки игри во Рим, Абабе Бикила трчал бос на маратонот и победил)...

Вози точак, ама чувај го интимниот „трап“

Немојте да паничите ако после подолго возење почувствувате непријатни, болни сензации во вашето меѓуножје проследено со отрпнатост. Овие симптоми само ви сигнализираат дека нешто не е во ред со нагибот и висината на вашето...

Фитнес на две тркала

Почитувајќи го вашиот велосипед како подвижна вежбална, теретана, терапевска ординација или транспорно средство, Вие почитувани, сериозно сте загазиле во решавањето на важните животни прашања, а тоа се добро здравје искомбинирано со добри психофизички перфоманси.

Сексуалноста и велосипедизмот

Ако и на крај памет ви текне да помислите дека сите точкаџии и точкаџики имаат проблеми со намалена сексуална осетливост, тогаш логично е да заклучиме дека Вие не возите точак и нормално не сте...

Хиперактивност со хиперактивност се смирува

Хиперактивност кај децата

Немојте да се паничите ако сте во групата на родители кои имаат хиперактивно или хиперкинетичко дете, бидејќи за оваа состојба има прилично едноставно и нетоксично решение...

Совети за подобро ментално здравје

Бистро мозоче за 34 гигабајти дневно

Човечкиот мозок дневно обработува околу 34 гига бајти информации и зборува, чита и слуша околу 100,000 зборови и тоа надвор од работното време. Многу или малку, кому како му се фаќа ама бројките од...

За лесно надополнување на вашите гликогенски депоа

Спортско меснато ручече

Оваа комбинација е присутна во секое спортско мени, во сите кампуси и тренажни процеси како пред, така и по спортски натпревари кога е неопходно да се надополнат истрошените резерви со здрав и избалансиран оброк....

Криотерапија му е мајката после повреди

Како што кесичка мраз може да те спаси при свежa повреда на нога, рака или било што, ништо друго не може. Поевтина и попрактична варијанта за олеснување на болки, освен ако не одберете студенилото...

Брегович заканта на Доломитскиот мраз

Додека си трае светското првенство во нордиско скијање во Трентино, Горан Брегович им наплати солено (читај 85 илјади евра) на Италјаните за химна на првенството со негов потпис, за кој жабарите го теретат дека...

Слушајте го вашето дишење

Животот започнува со вдишување, а завршува со издишување. Нема добро здравје со лошо дишење, нема бистар ум со малку кислород, нема добар тренинг и спортски успех со лоша техника на дишење, затоа започнете да...

Мускулни болки после тренинг – Muskulfiber

Мазохистички расположени или не, болниот мускулен синдром после интензивен мускулен напор е неизбежна состојба и позитивен репер за успешен тренинг, се разбира, ако не го оневозможите со некој аналгетик. 

За пријатен џогинг на студено

Вашето уживање во трчањето и во студено време никогаш нема да го ставите во прашање ако бидете соодветно облечени, а соломонско решение за оваа студена непријатност е едноставното слоевито облекување или облекување на повеќе...

Француски парадокс – ем кркаш ем не се дебелиш

Не е привилегија да живееш во Франција ако не живееш Француски. Во Париз има еднаков број на салони за долна облека колку и пекарници. Французинките својата лудост по ексклузивни парчиња на долна облека во...

Дај нешто благо, ми падна шеќерот!

Хипогликемијата или пад на нивото на шеќерот во крвта навистина може да се испровоцира од зголемена физичка активност, но сепак основна причина кај здрав организам е нерационален и неквалитетен внес на хранителни продукти, осбено...

Скијачки палец (skiers thumb)

Палецот е единствениот опозиционер по движењата на шепата па затоа го крка стапот (во секаква смисла на зборот) и знае да биде многу честа скијачка повреда, а и како повреда при други спортски активности.

Екс-Ју спортска опрема (галерија)

Еве една Ретровача галерија од времето кога да носиш Alpina, Toper или Yassa беше ин. И не за друго, сигурно по дома од носталгија по фиоките имаме збутано по некој примерок од култните квалитетни марки. Иако...

Најчести скијачки повреди

Повредите на скијачките патеки се чест и сериозен проблем и зависат од физичката спремност, вештината во спортските активности и проценка на временските услови. Специфичностите врзани со квалитетот на снегот, видливоста, техниката на скијање, заморот,...

Што ако ве легне грипот?!

Нобеловецот Иво Андриќ во својот награден роман Мостот на Дрина напишал дека човек од врата се препознава колку е сиромав, заљубен или настинат. Убеден сум дека секој би сакал да биде заљубен, сиромав нема...

Нека ви тргне денот како „мед и млеко“

Не ви се потребни долготрајни гуглања по интернет, ниту пак буричкања по старите кувари, едноставно распрашајте го првото деденце или бабичка во вашето маало и сè ќе ви изнакажат за пијачката мед и млеко.

Не иде, од фотелја на скии!

Ако Вашиот ценет задник 360 дена удобно бил паркиран на вашето работно или неработно фотељче и после тоа сакате да уживате 5 дена во некоја скијачка убавина, претходно сериозно размислете и одлучете дали сте...

Спортски градници за здрави дојки

Основен проблем на сите жени во спортските уживања е избор на соодветени градници. Квалитетен и соодветно избран градник е најдобрата превентива од несаканите болни состојби, спуштени гради и зголемените шанси за сериозни заболувања.

Салеп како еликсир на љубовта

Салепот се приготвува од коренот на ОРХИДЕИТЕ (ORCHIS) познати по прекрасните цветови во различни бои.  Постојат 24 семејства и околу 90 класи на орхидеи но само од некои се произведува салеп,  како orchis maskula...

Неподносливост на храна

Интолеранција на храна

Интолеранција на храна односно неподносливост на вид на храна е состојба која може да предизвика абнормални реакции на организмот кои многу често тешко се откриваат.

Леден чај од купус

Најдобра афтер парти пијачка

Ни најмала дилема не ми направи идејата да пишувам за расолницата или јувата како најпрочуениот природен лек против мамурлукот. Сепак е добро да ги познаваме благодетите на расолницата, и тоа не само после вечери...

Заштитете се од...

Снежно слепило – како правилно да се заштитиме

Едно од најчестите проблеми кои можат планираното спортско уживање на снежно белите сончеви падини да го направат краткорочен кошмар е СНЕЖНОТО СЛЕПИЛО (фото керато коњуктивитис).

Хибернациски синдром – зимска депресија

Секој човек има свој оригинален и уникатен биолошки Ролекс со непроценливи вредности кој точно се прилагодува на дневно – ноќните и летно – зимските промени. Бидејќи секој часовник (па и овој) е под наша...

Супер навики за супер дете

Најголем допринос што како родител можете да го направите за правилен развој на вашето дете е да посветите доволно време за  подготовка на здрава храна. Резутатите не доаѓаат преку ноќ, особено покрај толку слатки и...

Поти поти потиме

Потењето е нормален физиолошки процес со кои се регулираат телесната температура и процесите на елиминација на крајните продукти на метаболизмот. Често пати критикувана „непријатност“ поради своите мирисни и визуелни карактеристики кои лесно ќе се...

ИЉАЧ ОД МЕНЕ ЗА МЕНЕ - ЛЕКУВАЊЕ СО АВТОЛОГНО КОНДИЦИОНИРАН СЕРУМ

Магичниот серум

Употребата на сопствената крв т.е. на сопствениот серум зазема се попопуларно место во лекувањето на низа болести, повреди и состојби во последнава декада. Не е веќе тајна брзата и квалитетна пострауматска рехабилитација на Јаница...

Пазарски стратегии / комши пошто пиперот

Органска VS Неорганска

Како редовни консументи на овошје и зеленчук многупати сме се запрашале зашто па дури и во големите вериги на маркети, а да не зборуваме за пазарчињата нема основни информации за потеклото, начинот...