Наслов

Најдоброто за крај!

''Лекција'' за мотивација :)

Тренираш. Тренираш уште повеќе. Тренираш највеќе кога е најважно. А најважно е кога треба да им го покажеш тоа на другите.

Грешка.

Најважно е кога треба да си докажеш себе си, а после и на другите (ако така сакаш ти и ако немаш попаметна работа).

За себе си знаеш. Сега реши тоа да им го покажеш и докажеш и на другите, затоа што тие се прават дека не знаат. А ти знаеш дека многу добро си знаат, ама се прават дека не знаат.

Значи, дојде и тоа време. Дојде времето кога ќе се покажеш во вистинското светло. Дојде времето кога ќе докажеш дека ти си вистинскиот пример во кого треба многу други да се огледаат. Дојде времето кога ти ќе бидеш личноста за која што ќе зборуваат. Дојде времето сите да го видат твојот резултат. Дојде времето кога сите ќе разберат зошто напорно тренираше.

Тоа и го разбраа. Сите го видоа твојот резултат. Ти си сега спортистот за кого се зборува. Веќе се покажа како вистински спортист и сега си пример за другите спортисти. Ти се покажа во најдоброто светло.

И што сега?

Сега е готово. Сè заврши. Сите ги победи. Веќе нема потреба да тренираш.

Грешка.

Ништо не е готово. Ништо не е завршено. Никого не си победил, додека не се победиш самиот себе! Сега треба уште повеќе да тренираш!

А можеш ли да го направиш ова?

10 Јануари 2013

За авторот