Наслов

КИНЕЗИО ЛЕНТИ vs ГЛАВОБОЛКА

Главоболката можеби порано беше резервиранa за богатите дами на кои единствена работа им била читање книги и пиење чај, но денес ситуацијата е многу поинаква...

Современото секојдневие и активности се поврзани со интензивно користење на компјутерска и мобилна технологија. Концентрација на мало видно поле со долго напрегање на вратната и лицевата мускулатура се најчеста причина за главоболки.
Лошиот став, физичка и ментална исцрпеност, стресните состојби со долготрајни статични позиции ја зголемуваат напнатоста на мускулите на вратот и лицето. Спорадичните или краткотрајни главобоки се непријатни сензации кои го нарушуваат дневниот комфорт.

Интензивните главоболки најчесто се причина за ограничување на секојдневните активности, професионални и приватни. Намалената работоспособност и ефикасност, намален спортско-рекреативен живот се последица од намалена концетрација, рамнотежа, гадење, повраќање, болки, вкочанетост и затегнатост на мускулатурата.

Фармаколошкиот третман е со краткотрајни ефекти и е тежок товар на дигестивниот систем, а исто така и причина за оштетувања на црниот дроб, како и обврска за континуиран медицински надзор.

Физикалниот третман составен од кинезиотејпинг-терапија, корективни вежби, масажи и многу други модалитети е одлична алатка во лекувањето и превенцијата на главоболките.

КИНЕЗИОТЕЈПИНГ терапијата се изведува со кинезиоленти кои се единствени по дизајн и функција, водоотпорни, со еластичност, без медикамент во својот состав и имаат за цел да ја намалат болката и да ја подобрат мускулната функција. Овозможува микро лифтинг на кожата и ги релаксира поткожните структури т.е. се нормализира мускулно-лигаментарниот тонус. На тој начин се овозможува зголемен доток на свежа и оксигенирана крв и се подобрува елиминацијата на крајните продукти на метаболизмот. Со зголемување на циркулацијата се намалува притисокот врз рецепторите во кожата, што доведува до саканиот ефект - намалување на болката.

 


КИНЕЗИОТЕЈПИНГ, ЕЛАСТИЧЕН СПАС ЗА ТЕЛЕСНИТЕ БОЛКИ


 

Кинезио лентите прават одлична механичка и функционална корекција на мускулите и лигаментите, а со тоа се одлична превенција од повреди кај спортистите и рекреативците.

Кинезио лентите се хипоалергени и безбедни за употреба, не прават никакви ограничувања и нарушување на комфорот кај корисниците.

Она што е најважно - треба да ги аплицира стучно лице кое ја има совладано техниката на апликација, што е основен фактор за ефикасност на кинезио лентите.

15 Јули 2016

За авторот