Комерцијален текст

Кинезиотејпинг, еластичен спас за телесните болки

Кинезио тејпинг е метода која е базирана на природно лекување на телото. Техниката се состои во апликација на специјално дизајниран Kinezio tape фластер на точно одреден дел на телото.

Методата е воведена од Др. Кензо Касе и се состои од апликација на кинезиотејпинг лента, единствена по дизајн и функција, водоотпорна, со еластичност, без медикамент во својот состав и има цел да ја намали болката и ја подобри мускулната функција.

При апликација на кинезиотејпингот се намалува болката, се олеснува лимфната дренажа, на начин така што ја подига кожата и го зголемува интро-клеточниот простор. Резултат е намалување на болката, бидејќи се намалува потисокот на поткожните рецептори за болка. Смалување на потисокот овозможува подобра лимфна дренажа и намалување на можностa за потешки повреди, едеми и крварења.

Кинезиотејпинг лентата својата екстанзија ја доживува после Сеулската Олимпијада во 1988 година и од тој период до сега спортистите не можат да го минуваат своето секојдневие без неа. Веќе подолго време оригиналната кинезиотејпинг лента од Др. Кензо Касе е достапна во 12-те продавници на Медикус Хелп. Достапна е во четири бои (плава, црвена, црна и беж) кои имаат еднакво терапевтско дејство.

Боите единствено го преставуваат холистичкиот пристап кон животот на источната култура, односно енергетското влијание на боите врз животот на човекот.

Медикус Хелп досега има организирано неколку успешни курсеви за апликација на кинезиотејпинг лентата, бидејќи правилниот начин на апликација е клучот за успешност на терапијата. Во нашата земја веќе има сертифицирани апликатори кои што успешно ја применуваат лентата и методата во лекување на своите пациенти. Единствено  оригиналната кинезиотејпинг лента овозможува безбедно користење од педијатриска до геријатриска популација.

Се користи во лечење на повеќе патологии: лимфодеми, спортски повреди, бурзитиси, карпал тунел, спондилоартрози, дископатии, остеоартритис, тендинитис, епикондилитис, ахилова тетива, парези и слично. Предноста е во тоа што може да се користи од акутна до крајна фаза на рехабилитација. 

Одлични резултати покажуваат и кај професионални спортисти, така што во светот на спортот има широка примена. Може да се аплицира и 20-30 минути пред тренинг или натпревар. Лентата е достапна во должина од 5 метри и 5 сантиметри широчина.