Кардио на бубањ

Иако се уште далеку од пазарот, овој прототип на стационарен велосипед во комбинација со машина за перење алишта изгледа ептен домаќински, ама не сме сигурни дали и доволно практичен. 

Измислицава се вика Bike Washing Machine и е дело на група кинески дизајнери каде имаат склопено стационарен фитнес велосипед со бубањ од машина за перење алишта како предно тркало. 

Ти вртиш и праиш тренинг, тоа пере. Низ интернетот наидовме на секакви западњачки статии за тоа колку ова би било практично, дека нели луѓето немале време да вежбаат, но кога реално ќе погледнеш на работите, прототипот би можел евентуално да биде прикладен од еколошки аспект, а не толку од практичен. 

Еве зошто ние мислиме така: 

1. Кога пушташ машина, ти ја пушташ, стискаш копче и си одиш, а таа самата работи т.е. не ти одзема време во денот (можеби нешто ситно кога ќе треба да простираш алишта).

2. Откако ќе пуштиш машина имаш доволно време да отидеш да возиш точак или што и да правиш (чистиш, работиш итн.) со тоа што непотребно би било да се поврзуваат овие две работи и да се промовираат за штедење на време. 

Сепак, еве да се каже дека иновацијта нема граници. 

Важно е да се напомене дека машината во оваа фаза нема вклучено довод и одвод, туку истото е предвидено да си го направите сами. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија