Каде може да се откачи лавина (мини-квиз)

Полека но сигурно зимата и снегот си чукаат на порти, па ако скитате по планина во вакви услови убаво е бар малку да си го проверите или освежите знаењето за одредување на подрачја кои се под опасност од лавини. Само прво и основно да се разбереме, за вакви работи потребна си е комплетна и опширна обука која се стекнува од сертифицирани субјекти, а овие квизови и информации на интернет треба да ви служат само како дополнување на веќе помината теоретска и практична обука.

Во продолжение ние ви нудиме еден мал квиз за одредување на најбезбедната рута на движење на одредени планински делови, односно потребно е да имате основно знаење за каде НЕ смеете да се движите кога има многу снег. 

КЛИК ПОДОЛУ НА СЛИКАТА каде што ќе треба да ги поврзете (со цртање) зелената (старт) и црвената (крај) куќичка. Ако влезете во потенцијално опасно подрачје на англиски ќе ви биде дадено образложение зошто не треба таму да се движите. 

Како дополнување, веб-сајтот нуди и други информации за други проблематики од темата лавина кои можете да си ги прочитате. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија