Наслов

Емотивни состојби во спортските активности

Спортските активности доведуваат до видливи промени на телесните функции, но и до значителни промени на менталните функции. Да видиме зошто најчесто после било каква физичка активност човекот доживува наплив на среќа и добро расположение.

Од исклучително значење е влијанието на менталните процеси врз модулирањето на емотивните состојби. Емоциите се карактеристика на секоја личност, не следат низ целиот живот, специфични се по модалитетот и интензитетот, а се базираат на вродените, но и на стечените механизми на дејствијата врз сиот нервен систем.

Глобално, емоциите можат да бидат пријатни и непријатни, односно позитивни и негативни со други зборови кажано, награда и казна.

Најзначаен и најчест бенефит од умерените спортски активност, рекреација, тренинг или натпреварувањата се потенцираните позитивни емоционални состојби. Секоја спортска активност тригерира тнр. "exercise high"- состојба на еуфорија, веселост или релакс состојба, а ги редуцира анкциозноста, тензичноста т.е. напнатоста и конфузиите.

Генерално, физичките активности ги потиснуваат негативните или непријатните емоции и на тој начин делуваат антистресно. Спортот прави феноменален допринос во развој на здрава и стабилна личност, но и ги намалуваат тегобите кај луѓето со дефицит во емотивноста.

Меѓумозокот т.е. лимбичниот систем со хипоталамусот прима директни информации поврзани со работата на локомоторниот систем и е основна врска со повисоките мозочни центри. Современите неурофизиолошки истражувања докажуваат комплексни промени на различни трансмитерски комплекси и хормонски системи.

Потврдено е дека норадреналинот и серотонинот во лимбичкиот систем го зголемува чувството за добро здравје, среќа, задоволство, психомоторна рамнотежа и зголемен сексуален нагон.

Во процесот на трансмисијата на примените сигнали, поготово при зголемената телесна активност, особена важност имаат субстанците слични на морфинот (ендоген морфин или скратено ендорфин) од кои најзначајна улога има бета – ендорфинот.

Концентрацијата на ендогените опијати во серумот (пред се бета ендорфинот) расте како одговор на физичка активност и до пет пати повеќе во однос на неактивност. Нивото пак во мозокот расте и до два пати.

Различен тип на вежбање ќе допринесе и различен степен на произведување на ендорфини. Анаеробниот тип (пр. спринт) дава поголем степен на синтеза на овој хормон во однос на аеробниот. Кај тренираните особи обично има бифазен одговор, и тоа пик во 30-та и 120-та минута, но присуството е значително на повисок степен за разлика од нетренираните во тек на целиот ден.

Ендогените опоиди освен тоа делуваат и на зголемената интолеранција на болката, го регулираат апетитот (во смисла на зголемена потреба за храна што е нормално после физички напор), регулира потреба за земање на вода, учествува во регулацијата на хормонот на растот, пролактинот, катехоламините па дури и во регулацијата на менструалниот циклус кај жените (инхибира лачење на ЛХ и ФСХ).

Каков баланс на центрите за награда и казна ќе направите Вие, зависи од самите Вас.

10 Мај 2013

За авторот