Oптималните дози на вежбање за подолг живот

На кратко, неколку часа во неделата со сигурност ве прават поздрава личност, но не значи дека вежбањето многу повеќе од ова ќе ве направи „бесмртни”, ама нема ни да ви наштети… 

Било какво движење, спортување или рекреирање уште одамна се поврзува со подобрување на здравјето на човекот и продолжување на животниот век. Препорачаните неделни вредности за оптимално здравје се движат во размер од 150 минути на активност со среден интензитет или 75 минути со висок и сите ние треба да се стремиме кон достигнување на овие бројки на овој или на оној начин. 

Ова земете го како задолжително затоа што бројни студии имаат покажано дека луѓето кои не успеваат да ги достигнат овие препорачани вредности на убаво потење имаат и до 20 проценти повеќе шанси за предвремен морталитет, во споредба со оние кои биле редовни и имале 31 проценти помалку шанси за истово.

Истата студија покажа и дека посветување на повеќе часови за вежбање од овие во текот на неделата не значат и придодавање на којзнае какви полезности. Едноставно, и тие испитаници (посериозни спортисти или рекреативци) имале само за нијанса подобри бројки од оние кои рекреирале умерено. 

Но истото и нема да ви наштети. Имено, често дискутираната „поврзаност” на наводните екстензивни тренинзи и слабеењето на срцевото здравје на долгорчен план (особено кај маратонците и триатлонците) во оваа студија не беше докажана. 

  • „Овие пронајдоци се важни за индивидуите кои се на двата краја спектарот на физичката активност. Тие даваат важни докази за неактивните поединци кои со умерени вежби можат да го одложат стареењето и морталитетот, а дополнително ги осигуруваат оние кои веќе вежбаат за непостоењето на горна граница за физичките активности.” – велат истражувачите. 

Ние велиме вака – Вежбајте, уживајте и не се запирајте!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија