Човекот што го создаде џогирањето

Во 1950 година шкотскиот епидемиолог Џеремаја Џери Морис за првпат докажа дека неактивниот начин на живот и седењето се лоши по здравјето на човекот и започна да џогира…

Д-р Џери започнува да прави голема епидемиолошка студија споредувајќи ги вработените во јавното сообраќајно претпријатие во Лондон. Во текот на годините тој собира податоци од скоро 31,000 мажи на возраст од 35 до 64 години кои работат, едни како возачи на автобусите, а други како кондуктери.

Иако животниот стил на луѓето бил горе-долу ист, едната група на луѓе, возачите, минувале многу повеќе време во седечка позиција отколку кондуктерите кои движеле.

Во тој период бројката на луѓе кои имаат било каков кардиоваскуларен проблем била во пораст како никогаш дотогаш, а Морис како да имал претчувство дека тоа е некако поврзано со работата на луѓето. Срцевите болести биле подоминантни во средната класа, зафаќајќи ги повеќе мажите од жените, а статистиката се повеќе укажувала дека работното место игра огромна улога во ова.

Споредувајќи ги резултатите по одреден временски период тој доаѓа до неверојатна разлика. Кондукторите имале многу помалку шанси за срцев удар отколку шоферите и доколку евентуално доживеале, тој секогаш бил помалку фатален.

Во 1958 година Морис си го поставува прашањето:

„Дали здравјето и состојбата на срцето на човекот може да биде под влијание на неговото работното место?“ – одговорот е ДА.

Десет години откако ја започнал оваа студија, Џери започнал рекреативно да џогира, секое неделно утро по 20 минути. Оттогаш тој константно рекреирал и ги потсеќал своите соработници и пријатели зошто е тоа круцијално за нивното здравје.

Во 1996 година на Олимпијадата му врачуваат златен олимписки медал за неговите високи достигнувања во спортската медицина и за пионерските чекори во студиите за ефектот на вежбањето врз срцевите болести.

Во 2009 година, на неколку месеци пред да наполни 100 тој починува. Во последните години од неговиот живот стариот Д-р Џери одвојувал 30 минути од секој негов ден за пливање или џогирање.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија