Колку склекови за една минута

Мотивацијата е клучна кога се во прашање исцрпните тренинзи и времето посветено да изградите подобро тело и поголема самодовeрба. Еден од начините како да се држите под напон цело тоа време, е да ги видите и почувствувате резултатите.

 

Мерењето на вашето фитнес ниво на било каков начин ќе ви биде доволен сигнал за тоа како се ефектуира тренинг програмата на Вас.

Склек тестот е едноставен и ефикасен начин како да го проверите вашето фитнес ниво. Овој тест ја мери издржливоста и силата на градите, рамената и трицепсот на надлактот, и подобро ја отсликува вашата подготвеност односно сила во споредба со силов тест како на пример Максималниот тест 1RM. Не ви е потребна дополнителна опрема освен еден обичен хронометар. Лесен е и краток за изведба и можете да го направите секаде и секогаш.

Цел: Изведба на што повеќе склекови во текот на една минута

Изведба: Изведете класични склекови (види слика 1) колку што можете повеќе за време од една минута и не  ги спуштајте градите помалку од 10 см над подлогата. Кратка пауза по време на тестот може да изведете кога ќе процените, доколку неможете слеано да изведете склекови за една минуита. Доколку сте жена направете ги склековите на модифициран начин каде долната потпора не е на стапалата туку на колената (види слика 2)

Оваа таблица е според возрасни групи и е направени од Американскиот колеџ за Спортска медицина.

Таблица за мажи (склек) 

Таблица за жени (модифициран склек) 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија