Тинејџери, Фитнес и Вие (Родителите)

Покрај притисокот на кој што се изложени тинејџерите денес, не е ни чудо што многумина запаѓаат во невољи. Некои ги обзема депресија, други посегнуваат по алкохол, цигари поради забава, дружење, докажување и слично. За жал, многу мал процент посветуваат внимание на фитнес активности.

Статиските секогаш укажуваат на фактот дека оние кои се инволвирани во спорт или се било како физички активни се имуни на пороци или каква и да е форма на нездрав живот. Но за да убедите еден тинејџер да биде физички активен треба малку повеќе да се потрудите. Мора да се обидете да го зборувате нивниот јазик.

Квалитетно време, квалитетен разговор.
Скоро невозможно е да воспоставите врска со вашиот тинејџер доколку не поминувате време со него. Се сложувате ли со: ТIME=LOVE? Не очекувајте дека тинејџерите веднаш ќе помислат дека сте кул и дека може да ви веруваат. Ќе мора да го докажете тоа. Прифатете ги онакви какви што е и покажете им дека се грижите за нив. Гледајте ги како се облекуваат, каква фризура преферираат и научете да го разберете нивниот јазик и начин на функционирање. Така ќе можете да се поврзете и разберете што има да ви каже. Добриот слушател има шанса да развие врска со тинејџер бидејќи тие поовеќе би зборувале одколку да слушаат. Значи, слушајте ги и понудете мудрост само доколку е потребно. Само така ќе ги сфатите.

Бидете добар модел.
Живејте го животот кој што му го проповедате на вашиот тинејџер и докажете дека физичката активност е забавна. Планинарење и кампување, фризби исто така спаѓаат во физички активен живот и се толку забавни што детето нема ни забележи дека спортува. Тинејџерите може да бидат изложени на скоро било каква физичка активност: кревање тежина, mountain biking, боречки вештини. Тимските спортови или организирани групни спортски активности се одлични за развој на социјални вештини, градење дисциплина и тимски дух.

Не се обесхрабрувајте!
Нема да биде лесно да се изборите со телевизијата, компјутерските игри и слично. Но бидете истрајни во тоа што мора и треба да го направите, а тоа е да им докажете на младите да ги вреднуваат своите животи. Да се биде здрав, ќе им овозможи да се поврзат со своето тело и да ја зголемат самодовербата. Така ќе ја одберат патеката на здрав животен стил.