Екстремно школство за ектремни услови

Наслов

Шведските деца на час по физичко воспитување за преживување

Учениците ретко добиваат можност на часот по физичко воспитување да го предизвикаат инстиктот за преживување во екстремни услови, а потоа како ништо да не се случило да се вратат во училишните клупи. Во Шведска ова е реалност.

Во училиштето Виктор Рудбергс Самскола во околината на Стокхолм во Шведска ученици на часот по физичко воспитување облечени скокаат во дупка со вода од замрзнато езеро со цел да вежбаат специфична техника за преживување во вакви сурови услови. Тие без многу размислување се нурнуваат во ладната вода, успеваат да излезат, облекуваат нова облека и продолжуваат со наставата. Иако нервозата е евидентна на нивните лица, не е само ниската температура она што ги застрашува туку и големите риби што живеат во езерото. Сепак, ние сме воодушевени од нивната храброст и школството што им овозможува подготовка за реалниот живот.

Не сите школи во Шведска ја имаат оваа пракса, но онаму каде што е потребно без размислување ја инкорпорираат во наставата. Техниката се состои во тоа што ако попушти мразот на езерото и се најдете во вода на температура од 2 степени целзиусови (некогаш и поладна) со два мали клинови треба брзо да успеете да се извлечете надвор. 

Во Шведска има многу езера што замрзнуваат во зимскиот период, а тогаш се користат за најразлични намени како лизгалиште или скратен пат до некоја дестинација. Затоа луѓето на сите возрасти треба да бидат спремни и за опасностите што ги демнат додека се наоѓаат врз ваквата површина. 

Дали оваа пракса ги прави Шведските деца едни од најиздржливите во светот? Веројатно да!

21 Септември 2015

За авторот