Наслов

Гив ми тен!

Доколку сте тренер на мали дечиња, или пак родител кој сака да биде дел од секојдневните физички активности на неговото дете со сигурност ќе дојде време кога ќе сакате да ги вметнете склековите како дел од вежбите за развој на силовите карактеристики...

Еве неколку совети како систематски и постапно да дојдете до правилен склек:

• Мечкино одење: Оваа вежба е идеaлна за градење на сила во горниот дел на телото, особено кај деца кои не можат да се одржуваат во горна позиција за склек. Детето се движи со рацете и нозете на земја. Техниката не е важна. Главна цел е детето да почне да дистрибуира сила од горниот дел (раце, раменски појас, гради, труп, колкови). Започнете со 30 секунди, па полека продолжувајте го времето до 1 минута.


Издржување во позиција за склек: Кога децата ќе можат да се движат со мечкино одење подолг временски период (60 сек +) тогаш е добро време да започнете со издржување во горна позиција за склек (Standing plank). При оваа позиција грбот е рамен, нозете споени, дланките под раменици, рацете исправени во лакти, задникот стегнат и главата во неутрална позиција. За почеток децата можат да ги потпрат нозете покрај ѕид како би можеле да завземат добра позиција со телото. Вежбата се изведува од 40-60 секунди.


Одење како гуштер: Оваа вежба е слична на мечкиното одење само малку технички повеќе интензива. Завземете горна позиција за склек. Вежбата започнува со истовремено дрижење на спротивна рака и нога. Колковите остануваат паралелни со подот. Започнете со 30 секунди и полека зголемувајте го времето.


Негативен (екцентричен) склек: Откако ќе се совладаат предходните пред-вежби може да почнеме со изучување на склекот. Прво се завзема добра почетна позиција за склек. Од тука поединецот почнува полека да се спушта према доле притоа одржувајки добра техника и позиција на целото тело. Под добра техника се подразбира градите да одат према доле и малку напред, лактите да не се отвараат према надвор, дланките да бидат под раменици, стомакот и задникот стегнати и нозете споени. Кога детето ќе се спушти доле повторно се враќа во почетна позиција дигајќи го прво трупот, а потоа нозете. Негативната фаза овозможува градење на потребна сила и стабилност за изведување на целосен склек.


Склек со асистенција: Детето завзема правилна почетна позиција за склек. Протнете јаже или ластик под неговите гради. Застанете над детето држејки ги двата краја на ластикот или јажето. Детето започнува со изведување на склекови со истовремена асистенција од ваша страна. За прогресија користете послаб ластик или пружете помала асистенција.

28 Април 2014

За авторот